ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Битиќи: Градиме солидарно едно општество за сите и ќе овозможиме целосна социјална инклузија на Ромите во Република Северна Македонија

November 22, 2022 12:35
in Uncategorized, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска се обрати на отворањето на второто издание на меѓународниот „Реди самит“, во организација на здружението „Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ“.

„Водејќи се од заложбите кои произлегуваат од Познан декларацијата за земјите од Западен Балкан за интеграција на Роми во рамките на Берлинскиот процес на проширување на ЕУ, Република Северна Македонија, оваа година, подготви и усвои нова Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 по насоките дадени во Стратешката Рамка на ЕУ за Ромите.

Покрај ова, во програмата на Владата на Република Северна Македонија 2020 – 2024, инкорпорирани се различни мерки за поддршка и унклузија на Ромите, како активни мерки за вработување, унапредување на законската регулатива и формализирање на работата.

Инвестирањето во развојот на ромската заедница има долгорочни придобивки, во поглед на подобрувањето на социјалната кохезија и економскиот статус за Ромите на долгорочен план.“ кажа Битиќи.

Владата на Република Македонија како што кажа Битиќи е определена да гради инклузивно општество и да се овозможи целосна социјална инклузија и на граѓаните Роми во Република Северна Македонија.

„Клучно е дека постои политичка волја за вистинска имплементација на Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија и за следење на сите европски препораки кои се однесуваат на инклузија на Ромите во општествата.

Владините антикризни мерки кои беа одговор на кризите беа наменети за заштита на најранливие категории граѓани. Од почетокот на енергетската и економска криза, Владата даде енергичен одговор, со цел никој да не остане изоставен.

Во рамки на мерките за поддршка на компаниите пак, се предвидува проширување на опсегот на компании кои се корисници на гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање.“ истакна Битиќи.

Во 2021 година преку Развојната банка беа подржани 17 ромски бизниси. Истовремено, продолжува можноста за формализација на дејноста преку самовработување со грантови кадешто се зголемува бројот на Роми коишто формираат и регистрираат свои сопствени бизниси во рамките на Оперативниот план за активни мерки и досега околу 70 лица ја искористиле оваа можност.

Tags: „едно општество за сите“Битиќисоцијална инклузија
Next Post

Девет општини од земјава добитници на „Европската ознака за извонредно управување” на АЛДА

EVN

НАЈНОВО

Скриншот, видео Х

Прв официјален извештај за убиството на Алекс Прети: пукале двајца агенти на ICE

January 28, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

January 28, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk