ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Илиевски: И, еден избор на Мажи на годината не може да помине без циркус

November 23, 2022 13:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

И, еден избор на Мажи на годината не може да помине без циркус, пишува во објава на Фејсбук, Боби Илиевски.

„Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев е фатен како купува турски лајкови за да биде избран за маж на годината. Затоа има 10.000 лајка. Не можам да разберам зошто вака се брука Митко Јанчев, кога за него гласаат граѓаните без оглед на партиската припадност“, пишува Илиевски.

Тој вели дека ќе биде циркус ако Митко Јанчев биде избран за маж на годината.

Градоначалникот Јанчев во објава на Фејсбук, повика:

„Кликнете на bit.ly/mitkojancev и стиснете лајк за да гласате. Започнува гласањето за наградата Маж на Годината за 2022 година според социјални медиуми“, стои во објавата од Јанчев.

Фејсбукс страницата Сеир со видео од коментарите под објавенот пост.

„Маж ли е, лаж ли е? Со лажни лајкови, градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци сака да стане маж на годината“, наведуваат во објавата Сеир.

Организаторите на Мажи на годината, во објава на Фејсбук  велат дека се оградуваат од сите нерегуларности и нема да го земат во предвид овој начин на гласање.

„Како што веќе сите знаете официјалниот избор на „Мажи на годината“ кој се одржува 5та година по ред кај нас, е настан кој има за цел да ги награди најуспешните мажи во 13 категории. Една од тие награди е и наградата за „Маж на годината според социјалните медиуми“, во која сте вклучени буквално сите вие, да номинирате свој кандидат односно кандидат кој според вас заслужува да ја понесе оваа награда, и да се вклучите буквално сите во транспарентно гласање, односно секој да гласа за својот фаворит. Како и за секоја категорија, така и за оваа, постојат правила кои се секогаш јасно истакнати, и истите доколку не се почитуваат ќе следи дисквалификација на номинираните. Токму затоа, бидејќи речиси кај секој од кандидатите, со исклучок на поединци, беа констатирани нерегуларности, каде преку ноќ, во само неколку часа, се собираа лајкови од Турција, Мексико, Кина, Индија, Палестина, преку таканаречени скрипти кои ги користат. За таа цел сакаме да ја информираме јавноста дека се оградуваме од сите нерегуларности и нема да го земеме во предвид овој начин на гласање. По разгледување на сите фактори оваа награда повторно ќе ја додели нашата жири комисија која одлучува и за останатите награди од изборот на Мажи на годината за 2022 година. Ние секогаш се заложуваме за фер избор така ќе остане и понатаму“, истакнуваат во објавата Мажи на годината.

Ј. Ѓ.

 

 

 

Next Post

Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил" од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk