Политичката партија Левица позната по своите радикално, често пати и десничарски ставови во последно време ја засилува хушкачката и етноцентристичка реторика, особено преку објавите на нивниот лидер Димитар Апасиев.
Тврдите ставови на Левица одат рака под рака со блокадите на нивните двајца пратеници во Собранието. Последната од низата блокади се поднесените 1300 амандмани на новиот Закон за аудио-визуелни медиумски услуги.
Како што тргнале пратениците на Левица не само што немаат намера да престанат со блокадите, туку најавуваат дека истите и ќе ги засилат, особено во пресрет на законите и одлуките кои доаѓаат виз а ви реформите важни за преговорите со ЕУ.
Ако тоа се претвори во реалност, тогаш Левица ќе се потврди како најрадикална анти ЕУ и анти НАТО партија и најголема закана за иднината на државата.
Интересно е како тука ќе се постават останатите партии.
Владејачката СДСМ веќе неколку денови го обвинува Христијан Мицкоски дека тој и ВМРО-ДПМНЕ станале заложници на Левица, а од најголемата опозициска партија засега молчат на прозивките, со што во некоја рака се потврдуваат тврдењата дека Левица расте на сметка на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи зема од нивните гласови затоа што се обраќаат на иста публика.
Извор: 24инфо