ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Набрзо ќе се зголемат минималната плата и пензиите – потврдува буџетот за 2023 година

November 23, 2022 14:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со отворањето на дебатата во парламентот за Буџетот за 2023 година се потврди дека Владата предвидува ново зголемување на минималната плата. Во Буџетот се предвидени средства за усогласување на платите со минималната плата во текот на следната година, согласно новата методологија. Тоа значи дека веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата, но и ново покачување на пензиите.

Со донесувањето на новата методолгија по социјалниот дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, минималната плата ќе расте согласно растот на просечната плата и животните трошоци. Минималната плата сега се усогласува со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот.

Одделувањето на средства за раст на минималната во време на светска економска и енергетска криза е само потврда дека Владата предводена од СДСМ, не ги заборава работниците и граѓаните.

Со новиот раст на минималната плата, таа ќе достигне ниво за повеќе од двојно повисоко отколку што беше до 2016 година кога СДСМ го презеде раководењето на Владата. Од оваа дистанца изгледа дека ВМРО ДПМНЕ го користеле зголемувањето на минималната плата само за предизборен маркетинг и затоа таа не надмина сума од 9 000 денари.

За само пет години оваа сума двојно се зголеми, а со новото покачување во првиот квартал од идната година тоа ќе стане и повеќе од двојно. Проекциите се дека е можно минималецот да премине преку 20 илјади денари. Иако уште на стартот, кога започна постојаното зголемување на минималната плата, имаше реакции и неаргументирани анализи на ВМРО ДПМНЕ и на нивните финансиски експерти, како Трајко Славевски, или Данела Арсовска, дека зголемувањата се вештачки и ќе предизвикаат отпуштања и финансиски колапс на компаниите, сепак ништо од тоа не се оствари. Напротив, интензивниот социјален дијалог што го промовира Владата обезбеди поддршка за континуиран раст на минималецот од синдикатите, стопанските комори, експертите… и сето тоа се покажува како успешен рецепт.

Буџетот за 2023 година само ја потврдува социјалдемократската насока на Владата. Таму се предвидени и 250 милиони евра помош за надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза, со што продолжува и заложбата на Владата дека никој нема да биде оставен сам да се справува со кризите. Во последните 10 месеци, Владата веќе има издвоено преку 760 милиони евра за анти-кризни мерки со кои се помагаат најранливите категории на граѓани.  Освен директната помош за најранливите категории, Владата издвои помош и за обезбедување на ликвидноста на компаниите, а продолжи и субвенцијата на цената на електричната енергија.

Владата со 80 отсто ја субвенционира цената на струјата на регулираниот пазар, за домаќинствата и малите потрошувачи, а обезбеди и евтина електрична енергија за компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти. Следната година ќе продолжи и растот на пензиите, исто така согласно новоутврдената методологија. Во новиот буџет има 75 милијарди денари или 10 отсто повеќе средства за исплата на пензиите, додека 12,5 милијарди денари се предвидени за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани.

Освен средства за помош на најранливите и раст на платите, Буџетот за 2023 е развоен и обезбедува услови за зголемен економски раст, кој во следната година според проекциите на ЕБОР треба да изнесува 2.3 отсто, што е повеќе во однос на проекциите за растот во земјите од еврозоната кој исто така според ЕБОР е проектиран на 0,3 отсто.

Tags: Буџетминимална платапензии
Next Post

Официјално: Гвардиола останува во Манчестер сити до 2025 година

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk