ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири: Континуирано се унапредува образованието на младите Роми и од нив се очекува да учествуваат во креирање на општествените промени

November 23, 2022 11:46
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Ниеден бизнис не може да започне без идеја, односно без креативност. Не може да успее без знаење како да се менаџираат работните процеси и не може да се развие без упорност и истрајност во заложбите. Ова се особини и способности чија основа се стекнува преку воспитно – образовниот процес и понатаму само се надградува во рамки на формалното и неформалното образование и преку сопствени и искуства на други. Затоа е неопходно да имаме квалитетен и инклузивен образовен систем и на тоа интензивно работиме.“

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири во своето обраќање на вториот REDI (Roma Enterpreneurship Development Initiative) самит, кој е иницијатива на три непрофитни организации од Северна Македонија, Романија и Србија, кои се залагаат за економска стабилност и финансиска инклузија на Ромите во општествата.

„Работиме да создадеме образовни установи кои ќе ги вклучат и прифатат сите деца, од сите етнички заедници, со различни образовни потреби, а кадарот ќе биде добро спремен и доволно мотивиран за да ги научи младите како да бидат ориентирани кон успех, без разлика дали ќе се одлучат да започнат сопствен бизнис или пак ќе се вклучат во работата на некоја постојна организација, компанија, институција“, рече Шаќири, додавајќи дека државата се труди да ги следи глобалните образовни стандарди, текови и трендови, а дигитализацијата е еден од клучните процеси кој е интензивиран во периодот додека трае пандемијата со Ковид.

„Имаме темелна реформа кој е веќе навлезена по првите неколку одделенија од основното образование. Нејзината суштина е да создаде „ново училиште“ во кое главни столбови се стекнување на практично применливо знаење и вештини, инклузијата, подобрување на меѓуетничката интеграција и заштитата од дискриминација. Во овој контекст значително е унапредена и политиката насочена кон образованието на младите Роми. Тие се поддржуваат со стипендии за основно,  средно и високо образование, со ромски образовни медијатори, тутори и така натаму. Воедно и сите останати мерки и можности кои им се достапни генерално на младите, можат да ги искористат и младите припадници на ромската етничка заедница“, потенцираше министерот.

Тој рече дека Ромите добиваат се повеќе права и образовни можности и  од нив, се очекува успешно да се интегрираат во општеството и да бидат дел од генерациите кои ќе донесат подобра иднина за оваа држава.

.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: инклузивностобразованиечовекови праваШаќири

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk