ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Џафери: Гладоморот е акт на геноцид, на светот му требаа цели 90 години да го признае тоа

November 24, 2022 14:26
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод одбележувањето на 90 години од Гладоморот во Украина (1932-1933) македонското Собрание денеска беше домаќин на изложбата за сеќавање на жртвите од Гладоморот во Украина „Украина се сеќава, светот признава“. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска  во своето обраќање рече дека на светот му требаа цели 90 години да признае на ниво на влади или парламенти во голем број на држави од демократскиот свет дека Гладоморот е акт на геноцид

Вообичаено моите обраќања ги започнувам со зборот задоволство и чест, меѓутоа денес, тоа што Собранието, домот на граѓаните на Република Северна Македонија е домаќин на изложбата за сеќавање на жртвите од Гладоморот во Украина „Украина се сеќава, светот признава“, за мене претставува настан  кој што во исто време предизвикува гордост и неизмерна тага.

Дозволете, покрај тоа што Ви посакувам добредојде од име на пратениците на Собранието и во мое лично име, да упатам до Вас и апел за разбирање затоа што сум убеден дека после ова, никој нема да остане рамнодушен кон оваа човечка трагедија и кон овој период во кој се изгубила и најмалата допирна точка со тоа што значи да се биде – човек. Што значи да се сака, цени и вреднува човечкиот живот. Сечиј живот! Затоа што, нема помалку или повеќе вредни човечки суштества, нема повеќе или помалку важни човечки животи. Има добри и има лоши луѓе. Во принцип, секогаш е потежок патот што го поминува борбата на доброто против злото. Но, тоа што не разликува и ни дава сила да истраеме на тој трновит пат е цврстата волја, верба и надеж дека сме извлекле поука од минатото и сме се бореле на сите можни начини да не се повторат тие грешки и во иднина. Мислата дека сме придонеле кон промена на дискурсот и токму ние сме биле промената, без двоумење! За жал, историјата се повторува пак! Сега се други средствата, меѓутоа во принцип, намерата е иста и таа не е воопшто хумана. Да се покори на сите можни начини Украина и Украинците, а и агресорот е ист! Што е уште понелогично, се работи за земја членка на Советот за безбедност, кој што е еден од шесте тела на Обединетите нации, и е конкретно задолжен за обезбедување на светскиот мир и безбедност.

На светот му требаа цели 90 години да признае на ниво на влади или парламенти во голем број на држави од демократскиот свет дека Гладоморот е акт на геноцид а Европскиот парламент на 23 октомври 2008 година усвои Резолуција со која се признава Гладоморот како злосторство против човештвото. Тоа не е доволно! Злосторство или геноцид, тоа мора да се именува и да се викне толку гласно за да одекне и остави белег во сечиј ум и разум, во сечија совест и одговорност дека се посегнува по највредното, по најскапоценото – по животот! На деца, жени, стари и млади – без разлика, со сите однапред испланирани и спроведени систематски начини на истребување на еден народ и една држава. Толку системски што дури не се знае ниту точната бројка на жртви која според различни извори се движи од 4 до 15 милиони жртви! Тоа не се зрна песок, тоа се живи семејства, широки насмевки, успеси и солзи, тоа се човечки судбини!

Почитувани присутни, да не дозволиме да се претвори сè во пепел, премногу сме вложиле и сме жртвувале, ние, нашите предци, нивните предци. Да не дозволиме злото да затропа и на наша врата, затоа што на овој или на оној начин, ефектот се рефлектира на сиот свет, без разлика.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk