Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА
Претседателов на МАНУ пак брчкал нешто на Гугл и си нашол состав за:
– Природното право и Антигона на Софокле,
– Природното право и Св. Павле и Св. Исаија
– Природното право и Наполеон
– Природното право и Американската декларација за независност
и за малку ќе му текнело дека се зезнал, бидејќи овие теми се пред 18-ти век кога спомнал човекови права. Изнапишал една некохерентна мешавина од што му е кажано да мисли (не ми е прифатливо дека НАВИСТИНА вака мисли) и нешто нестручно прочитано од правото, па уште и зачинето со религиски моменти, сѐ, сѐ, сѐ и сешто, само и само за да извергла „обезличување” на Македонецот во врска со ЕУ. Толку конфузно, направил една каша попара меѓу теолошки морал, концептот на правда (односно го интересира – неправда) и човекови права. Значи, се чудам како не му текнало дека пишува глупости, барем кога стигнал до „…Универзалната декларација за човековите права (донесена од Генералното собрание на Обединетите нации, во 1948 г.)…“
Така се викаат денес – човекови права. И, еве, и јас не сум стручњак, но сигурна сум дека за позитивното право не е вака: „…позитивното право опфаќа систем од правни норми, право во примена и право изречено со судски пресуди.”
Па истото важи и за негативното право, ама изгледа не му излегло на Гугл тоа…
Мислам, ало, човеку, нацијата е ПРИРОДНА колку што е природна контрацепцијата! Зборуваш за морал или за човекови права?
Што бараат библискиве цитати, па од МАНУ си, цитирни филозофи, мислители!
Само на манипулантни десничари им е потребен еден единствен БОГ со библиите и светите вистини и тракатанци, инаку како ќе ја микроменаџираат и последната единка од народот што не му ја мисли многу…
Мириса, корне, на нарачка од ВМРО ДПМНЕ.