ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ВМРО-ДПМНЕ на чекор да го изгуби имотот, вклучително и белиот дворец во Скопје, откако деновиве ќе им биде врачена пресудата од „Талир 2“

November 24, 2022 11:16
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Куририте на Кривичен суд Скопје овие денови ќе чукнат на вратата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за да ја врачат пресудата од предметот „Талир 2“.

Според одлуката на судот за овој предмет, поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е осуден на 6 години затвор, додека Кирил Божиновски, како поранешен генерален секретар на партијата, доби условна казна од две години. Казните им се пресудени за кривично дело злоупотреба на службена должност и овластувања со што со незаконско финансирање, на партијата, како на правно лице, ѝ обезбедиле имот и значителна финансиска корист во висина од 132.573.582 денари.

Во пресудата на судот е вклучена одлуката за конфискување на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, белиот дворец или палатата „Христо Татарчев“, како прибавена имотна корист од незаконското финансирање на партијата. Дополнително, уште десеттина партиски канцеларии и друг имот купени после тој период низ цела Македонија исто така се конфискувани со пресудата.

Оваа првостепена пресуда којашто беше изречена на 8 јуни оваа година, според извори во судот, се пишуваше малку подолго од вообичаеното, речиси 6 месеци, за да се каталогизираат сите одделни имоти кои се предмет на конфискација за кои се утврди дека биле купени по извршување на кривичното дело незаконско  финансирање на партија, како резултат на тоа дејство.

Во пресудата, судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го водеше „Талир 2“, при нејзиното изрекување на 8 јуни, наведе дека според член 541 став 5 од Законот за кривична постапка „правните дела склучени по извршувањето на кривичното дело, а со намера да се намали вредноста на имотот што е предмет на конфискација, се неважечки“.

Во образложението судијката Стојановска уште рече дека обвинетите, како одговорни лица од највисок ранг во политичката партија, се издигнале над законот и дека „теснопартиските и личните интереси биле водечки мотив за дејствијата кои во конретниот случај ги преземале првобвинетиот Никола Груевски како претседател и второобвинетиот Кирил Божиновски како генерален секретар на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. На тој начин тие ги уривале темелните вредности на една правна и демократска држава. Со самата судска разрешница на овој предмет Судот испраќа порака до јавноста дека во оваа демократска држава сите се еднакви пред законот, дека никој не е привилегиран и секој ќе одговара за последиците кои ги предизвикал со прекршување на законот”.

Адвокатите на ВМРО-ДПМНЕ тогаш изјавија дека ќе ја обжалат одлуката со која се конфискува партискиот имот, оценувајќи го процесот како политички, а актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, во интервју за БИРН, рече дека станува збор за речиси 90 проценти од имотот на партијата, a пресудата ја нарече „глупост“.

Откако странките во предметот ќе ја примат пресудата на Кривичниот суд, следува периодот на обжалување пред второстепениот Апелационен суд во Скопје.

извор: ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk