Судири избија во Брисел по победата на Мароко над Белгија на Светското првенство во Катар, при што „десетици луѓе“ ја нападнаа урбаната опрема и редарските служби, соопшти полицијата. Уште пред крајот на натпреварот, „десетици лица, од кои некои маскирани, предизвикаа конфликт со редарските сили во центарот на градот, со што ја загрозија јавната безбедност“, се вели во соопштението на полицијата.
Од полицијата наведуваат дека толпата употребила пиротехнички средства и палки, фрлала камења кон полицајците и запалила семафор, а на една улица избувнал пожар. „Еден новинар бил погоден со пиротехничко средство во лицето“, извести полицијата, која потоа одлучила да интервенира со водени топови и солзавец.
Wanneer ze verliezen breken ze de boel af.
Wanneer ze winnen breken ze de boel af.
Maar wie er iets over zegt… ??♂️ #BELMAR #Qatar pic.twitter.com/WgygxM6RIK— Tom Van Grieken (@tomvangrieken) November 27, 2022
Биле ангажирани околу стотина полицајци додека хулиганите ги гаѓале со камења.
Полициските сили ги повикаа жителите и навивачите да избегнуваат некои населби во центарот на градот. Станиците на метрото се затворени, а улиците блокирани за да се спречат собири.
Најостро ги осудувам инцидентите што се случија попладнево. Полицијата веќе решително интервенираше. Им препорачувам на навивачите да не доаѓаат во центарот на градот. Полицијата на сите начини се обидува да го зачува јавниот ред. И наложив на полицијата да продолжи со административно апсење на предизвикувачите на немири, напиша на Твитер градоначалникот на Брисел, Филип Клоуз.
België ?? & de hooligans ⚽️?Er zijn flinke rellen uitgebroken in Brussel tijdens de voetbal wedstrijd tussen België-Marokko.
#Brussels pic.twitter.com/RFIQuhIUjW— ?????? (@Miss_Royal73) November 27, 2022