ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Инвестирајќи во патната инфраструктура, инвестираме во развој на економијата во Северна Македонија

November 28, 2022 17:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и заменик- директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Благојче Трпевски беа на увид на делницата Дреново-Фариш и пробивање на тунел на експресниот пат Дреново-Фариш.

Втората делница од овој експресен пат е половина завршена и досега сите рокови се запазени. Тунелот Фариш кој беше еден од најтешките делови на оваа траса е со две цевки, од кои едната е целосно пробиена, а на другата цевка градежните работи течат со предвиденото темпо.

„Задоволство ми е што со голема динамика се гради експресниот пат кон Прилеп, кој е од голема важност за граѓаните на Пелагонискиот Регион, но и за цела држава. Втората делница од овој експресен пат, е половина завршена, досега сите рокови се запазени. Тунелот Фариш кој беше еден од најтешките делови на оваа траса е со две цевки, од кои едната е целосно пробиена, а на другата цевка градежните работи течат со предвиденото темпо“ кажа Ковачевски.

„Северна Македонија денес е во голем инвестициски циклус, целта на Владата е патната инфраструктура во државата да ја подигне на значително повисоко ниво, бидејќи инвестирајќи во патишта, автопати, делници, експресни патишта, инвестираме во развој на економијата во Северна Македонија.

Повеќе граѓаните нема да чекаат со децении, затоа ги дефиниравме најзначајните инфраструктурни проекти, за кои ќе инсистирам да се завршат во дадениот рок. Патната инфраструктура ја поврзува Северна Македонија и со регионот, а со тоа се создава основа за забрзан економски развој на земјата.

Откако успеавме да ги надминеме сите проблеми што ги носеше автопатот Кичево-Охрид сега градежните активности таму се одвиваат со несмалено темпо, се градат и автопатите Скопје – Блаце, Гостивар – Кичево, Тетово – Гостивар, Требениште – Струга – Ќафасан, Прилеп – Битола, сета оваа патна инфраструктура ја прави Северна Македонија да е регионално поврзана. Граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките од новата патна инфраструктура, на експресните патишта: Штип – Радовиш, завршена е првата фаза од патот Штип – Крупиште. Во овој момент активно тече изградбата на експресните патишта и  Градско – Дреново, Крупиште – Кочани, Ранковце – Крива Паланка. Мојата заложба како премиер е Северна Македонија да биде инфраструктурно поврзана со модерни патишта со цел регион, тоа значи стабилност, тоа значи економски напредок, а само така ќе има квалитетен живот за сите граѓани.

Јас имам јасен план и Владата што ја предводам се држи до него и сите заедно го спроведуваме. Во државата почнаа да се менуваат работите, бидејќи оваа земја има европска перспектива, а граѓаните заслужуваат живот по европски правила и европски стандард” истакна Ковачевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk