ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Знаменачкова за НоваТВ: Руската агресија го обнови интересот за проширувањето на ЕУ

November 28, 2022 17:41
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Во декември се одржува последниот Европски Совет под претседaтелство на Чешката Република. Чешкото претседателство има амбиции за интензивирање на процесот на проширувањето. Ќе успеат ли Чесите да го мрднат од мртва точка овој значаен процес?

Интервју на НоваТв со амбасадорката на Чешката Репубика во Советот на ЕУ, Житка Латал Знаменачкова.

Дали може да се очекува напредок во однос на процесот на проширувањето на ЕУ за време на вашето претседавање со ЕУ?

Знаменачкова: Сега веќе можеме да кажеме дека чешкото претседателство успешно го поддржа процесот на проширување на ЕУ. Направени се многу позитивни чекори кон Западен Балкан. На самиот почеток на нашето претседателство во јули, ние со задоволство претседававме со почетокот на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија на меѓувладините конференции. Повторно ја отворивме дискусијата за косовската визна либерализација во Советот, која веруваме дека ќе биде завршена до крајот на нашето претседателство. Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе биде уште една пресвртница. Ние, исто така, се обидуваме да ги вклучиме земјите од Западен Балкан за да присуствуваат на различни секторски формации на Советот.

Во случајот на поврзаното трио (Украина, Молдавија, Грузија), нашата политичка цел е да го насочиме процесот на нивната перспектива за ЕУ ,​​започнат во јуни оваа година, со вклучување заедно со партнерите од Западен Балкан во важни иницијативи (оние поврзани со областа на енергија и енергетска безбедност се највидливи).

Комитетот за надворешна политика на ЕУ усвои стратегија за проширувањето со која се обидува да одреди датум за прием на нови членки до крајот на оваа деценија. Какво е расположението во Советот на ЕУ за ваквиот предлог на европските пратеници?

Знаменачкова: Во процесот на проширување секогаш е тешко да се зборува за какви било рокови. Напредокот се заснова на напредокот во реформите. Новата методологија за проширување ја одразува важноста на владеењето на правото и приближувањето до правото на ЕУ. Роковите не се корисни во овој контекст бидејќи може да има и уназадување на европскиот пат.

Со руската агресија во Украина има нова геополитичка реалност во Европа. Каков е планот со Западниот Балкан во овие околности?

Знаменачкова: Новата геополитичка ситуација покажа дека европското семејство се заснова на споделување заеднички вредности. Затоа ја нагласуваме важноста на усогласувањето на ЗНБП (Заедничката надворешна и безбедносна политика)  од сите партнери во регионот. Ние како ЕУ, исто така, се грижиме дека сме таму за да помогнеме во непријатната ситуација со која се соочуваме сите – особено во однос на безбедноста на енергијата и храната. Новата геополитичка ситуација ја истакна и важноста на процесот на проширување како пат кон мирот и стабилноста. Според наше мислење, тоа го обнови интересот за напредување во процесот на пристапување и со партнерите од Западен Балкан.

Кои се досегашните резултати од  чешкото претседателство, со кои би имало одреден напредок во политиката за проширување на декемвриската седница на Советот?

Знаменачкова: Во декември целиме кон договор на Советот за амбициозни заклучоци. Спомнав други области на напредок во политиката за проширување како одговор на првото прашање.

Повеќе земји членки сè уште не се заинтересирани за проширувањето кон Западен Балкан. Кои се нивните аргументи?

Знаменачкова: Ако ја погледнеме картата, сите мора да видат дека СБ е јасно дел од Европа и нивната иднина треба да биде во ЕУ. Оние кои имаат прашања за вистинскиот тајминг на пристапувањето тврдат дека земјите мора да бидат зрели и подготвени во борбата против организираниот криминал, корупцијата, независниот судски систем и јавниот сектор.

Има ли некаков план што да се преземе околу намалувањето на кредибилитетот на ЕУ во регионот на Балканот?

Знаменачкова: Ние се обидуваме да ја подобриме нашата стратешка комуникација кон целиот регион на Западен Балкан. Важно е да им објасниме на луѓето колку тие се важни за нас, колку веќе се присутни во ЕУ и нејзините членки и какви проекти правиме. Мислам дека мора да се подобриме во ова, особено сега кога толку многу дезинформации кружат во регионот.

Борјан Јовановски/НоваТв

Tags: Европска УнијаЗнаменичковаинтеграцииСеверна Македонија
Next Post

Протекоа меилови на ФСБ за употреба на нуклеарно оружје: Тоа би било премногу комплицирано

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk