ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Црвенковска да ги пријави сите притисоци или влијанија до институциите, порача Ковачевски

November 30, 2022 14:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Точно е дека претседателката на Судскиот совет која си даде оставка, Павлина Црвенковска изнесе одредени квалификации за постоење на политички или деловни притисоци или влијанија, и на неа и стојат на располагање сите институции во државата каде што може тоа да го пријави, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

И во делот на обвинителството премиерот потенцираше дека се она за што сметаат дека е надвор од надлежностите кои одредени други институции или организации треба да ги имаат, истото треба да го пријават таму кај што е местото за пријавување.

-Точно е дека претседателката на Судскиот совет која си даде оставка изнесе одредени квалификации. Но, и стојат на располагање сите институции во државата, каде што може да пријави доколку кај неа имало политички или деловни притисоци или влијанија, како што таа тоа го изнесе во својата оставка, изјави Ковачевски во одговор на прашање по завршување на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод, делница Неготино-Битола.

Премиерот потенцираше дека Владата ги исполнува сите свои обврски и надлежности кои што ги има во однос на обезбедување на услови за независно судство и независно обвинителство.

Тоа значи, како што рече, дека сите финансиски средства кои се потребни за судството и на обвинителството се предвидени во буџетот, и сите законски решенија кои Владата има обврска да ги донесе, ги има донесено и испратено во Собранието.

-Дел од тие закони се донесени, а за жал добар дел од тие закони не се донесени заради блокадата која што ја прави опозицијата. Во последниве три кризни години, државата воопшто не ги намали капиталните инвестиции во делот на судството и обвинителството, додаде Ковачевски.

Тој смета дека судството со оглед на тоа што е независно треба да има тело кое е над него хиерархиски поставено, и кое ја оценува неговата работа.

Tags: Димитар Ковачевскиправдасудство
Next Post

Поништувањето на тендерот за пречистителната станица во Скопје ќе го загрози членството во ЕУ

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk