ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: На хибридните закани е изложен целиот регион, клучен фактор силната меѓународна соработка и брза размена на информации

December 1, 2022 14:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Оливер Спасовски

Оливер Спасовски

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на панел-дискусија „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи” во рамки на Петтата пленарна сесија на Национална конвенција за ЕУ во Северна Македонија, што се одржува во Собранието, прашан за тоа како се справуваме како држава со хибридните закани, особено ако се земе предвид фактот дека многу училишта добија дојави за поставени експлозивни направи, рече дека во тој контекст се и дојавите за поставување на експлозивни направи во скопски средни училишта и оти во МВР прашањето се третира со максимална сериозност.

-Сите дојави од страна на МВР се третираат со максимална сериозност и се преземаат сите активности: откако ќе се спроведе евакуацијата, се обезбедува заштитен периметар и се пристапува кон антитерористичка проверка на објектите и околината, при што се ограничува и пренасочува сообраќајот. Притоа, Северна Македонија не е некој исклучок за ваквите хибридни напади т.н. лажни дојави за бомби. Напротив, на ваков тип напади масивно се изложени и соседните земји – како на пример: Србија, Хрватска и Црна Гора, а и подалечните, како Нов Зеланд, Канада, САД, Германија итн. Без разлика на зачестените закани, Министерството на секоја закана ѝ приоѓа со максимална професионалност и сериозност, рече тој.

Спасовски потсети на донесувањето на неколкуте значајни стратешки документи, како што се Националната стратегија за компјутерска безбедност, Стратегијата за градење на отпорност и справување со хибридните закани, Стратегијата за компјутерски криминал. Потенцираше дека клучен фактор е силната меѓународна соработка и брза размена на информации помеѓу земјите и агенциите за спроведување на законот.

-Во првата половина од 2022 година регистрирано е зголемување на компјутерскиот криминал во нашата земја за значителни 48 отсто во однос на истиот период од 2021 година, додека причинетата материјална штета е десеткратно зголемена во однос на лани. Од вкупниот број на регистрирани дела по преземени мерки и активности расчистени се 76 дела, со што е постигната вкупна ефикасност од 67 отсто која е зголемена за околу десет проценти споредбено со лани, информира тој.

Во однос на прашањето за тоа во кои канали за меѓународна полициска соработка сме вклучени и за учеството во ЕМПАКТ (Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани), министерот Спасовски најпрвин истакна дека за целиот период од кога тој е на функцијата министер за внатрешни работи, постојано ја нагласува и става акцент на меѓународната соработка.

-За таа цел, во БЈБ – Секторот за меѓународна полициска соработка е единствена контакт точка за официјална меѓународна размена на информации со сите канали за меѓународна полициска соработка: ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ, СЕЛЕК и странските полициски офицери за врски акредитирани за нашата земја. Со овие агенции имаме исклучителна соработка, која ја потврдивме на заеднички средби изминатиов период, потенцираше тој, додавајќи дека еден од позначајните продукти, при чија изработка со свој придонес учествуваше МВР во текот на сите изминати години, е Извештајот за проценка на закани од сериозен и организиран криминал во ЕУ, кој ги дава базите врз основа на кои Советот на ЕУ ги усогласува приоритетите во областа на сериозниот и организиран криминал. Што се однесува до учество на РСМ во EMPACT во 2022 година, Спасовски нагласи дека споредено со минатите години, бележиме примерен напредок.

Next Post

Стефани Фрапар ќе влезе во историјата како првата жена главен судија на натпревар на Светско првенство за мажи

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk