ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одбројување: Меѓународниот семинар на Цивил за борба против дезинформациите, со учесници од пет земји, започнува в понеделник

December 3, 2022 10:45
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Цивил и Youth4Media (Y4M) се организатори на првата Меѓународна недела на новинарството отпорно на дезинформациите и пропагандата која започнува в понеделник, на 5 декември. Главната активност на оваа нова меѓународна иницијатива чиј носител е македонската граѓанска организација Цивил е семинарот за борба против дезинформациите и пропагандата.

Во понеделник, 5 декември, во 9:30 часот, во хотел Сити Парк. започнува семинарот на  Цивил, „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“, во партнерство со Youth4Media (Y4M) од Германија подготви навистина богата и динамична програма на семинарот, што е дел од првото издание на Меѓународната недела на новинарството отпорно на дезинформациите и пропагандата. Семинарот се состои од теоретски дел (понеделник, 5 декември) и практична работа (вторник-четврток, 6-8 декември).

Учесниците од Северна Македонија, Германија, Украина, Ерменија и Косово ќе продуцираат видео прилози и текстови на тема дезинформации и пропаганда, кои потоа ќе бидат објавени во медиумите од редакциите кои испраќаат учесници на семинарот.

Дел од медиумските продукти ќе бидат презентирани в петок, 9 декември, на настан што Цивил и партнерските организации го организираат по повод Меѓународниот ден на човековите права, под мотото „Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права. Спротивставете се!“.

За учесничките и учесниците на семинарот се отвораат можности и за понатамошна соработка со Цивил и со партнерските организации од странство, како и можноста за учество во меѓународната размена и практична обука во Германија и други европски држави.

Д-р Волфганг Ресман, прв човек на меѓународниот проект Медиумски дијалог и Лена Кроненбургер, уредничка на fortytwomagazine од Германија Катерина Соколова од Институтот за новинарство во Кијив, Украина, Мкртич Тонојан, мултимедијален уметник од Ерменија, д-р Сашо Орданоски и Џабир Дерала од Северна Македонија, се дел од програмата на самиот почеток од еднонеделниот семинар.

Бројот на учесници на овој семинар е ограничен. Пријавувањето за учество на семинарот започна на 24 ноември и трае до 3 декември, 17 часот. Работниот јазик на семинарот е англискиот. Организаторите не ги покриваат трошоците за патување и престој во Скопје.

Семинарот трае од 5 до 10 декември. На 9 декември, по повод Меѓународниот ден на човековите права, Цивил и Y4M ќе организираат јавен настан под мотото „Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права. Спротивставете се!“.

Проектот го поддржува Владата на Северна Рајна-Вестфалија, Дизелдорф, Германија.

Заинтересираните треба да пополнат Пријава за учество (ЛИНК).

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

 

Извор: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

САД: Ограничувањето на цената на руската нафта веднаш ќе го прекине главниот извор на приход на Путин

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk