ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски и Николовски во ОУ „Ј.Х. Песталоци“ по повод реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

December 5, 2022 14:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и директорот на Платежна агенција Никица Бачовски ги посетија учениците во Основното училиште „Ј.Х.Песталоци“ и поделија домашни македонски јаболка, за секој ученик во рамки на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“, кој го спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во ОУ „Ј.Х. Песталоци“, поделени се 3.248 килограми јаболко, по 4 килограми за секој ученик.

На терен по основните училишта во тек е дистрибуцијата на домашни македонски јаболка, наменети за учениците, како здрава ужинка за нив. Во општините Струга, Битола, Охрид и Прилеп 50% веќе се поделени, а денес се делат и во Кочани, Куманово, Маврово и Ростуше.

Во текот на вчерашниот ден дистрибуцијата беше направена во основните училишта низ Општина Центар и Шуто Оризари, а денес и овие денови продолжува и низ другите општини во градот Скопје, но и другите општини низ државата.

Ова е нова програма за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи, која има неколку цели, а тоа е од една страна државата да го помогне откупот на домашните земјоделски производи, но и да се обезбеди здрава ужинка за учениците.

Преку оваа програма се врши откуп на повеќе од 743.000 килограми наши домашни јаболка и согласно динамиката до 15-ти декември се очекува успешно да заврши целата дистрибуција до секое основно училиште, до секој еден ученик.

Ова година започнавме со откуп на јаболка и тие ќе бидат дистрибуирани до 350 основни училишта, односно до сите 186.000 ученици. Веќе за следната 2023 година, покрај јаболката ќе бидат опфатени и други видови на овошје, зеленчук, млеко и млечни производи, кои исто така ќе бидат дистрибуирани до основните училишта како здрава ужинка за секое дете.

Со реализација на програмата се помага откупот на домашните земјоделски производи кои се насочуваат правилно, како здрава ужинка кон дечиња во основните училишта.

Крајна цел е оваа програма да се прошири, и откупените домашни земјоделски производи да може покрај во основните училишта да се дистрибуираат и до здравствените објекти, детските градинки, како и до припадниците на безбедносните сили, полицијата и армијата.

Оваа година како прва година кога започнува програмата со реализација одвоени се 20 милиони денари. За 2023 година во Буџетот се одвоени 40 милиони денари, односно дупло од оваа година. Предвидени се средства во оваа програма за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи, што значи дека програмата ќе може да се реализира и надополнува.

Next Post

Бензините поевтинуваат

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk