ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Индонезија ги забранува вонбрачните сексуални односи, законот ќе важи и за странците

December 6, 2022 15:34
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентот на Индонезија денес го одобри новиот кривичен законик со кој се забранува секој во земјата да има секс надвор од бракот и ги ограничува политичките слободи. Новите закони нема да стапат на сила уште три години, а се очекува да има судски оспорувања.

Законот ќе стапи на сила во 2025 година. А, заменик на министерот за правосудство и човекови права Едвард Омар Шариф истакна дека тамошните власти го чекале ова 79 години.

Големиот број промени доаѓаат по порастот на верскиот конзерватизам во земјата со мнозинско муслиманско население. Неколку групи главно млади луѓе протестираа против законите пред парламентот во Џакарта оваа недела.

Според новите закони – кои ќе важат и за странците кои го посетуваат Бали и другите индонезиски дестинации за одмор – невенчаните парови може да бидат затворени до една година поради секс.

Исто така, им е забрането да живеат заедно – дело за кое луѓето би можеле да бидат затворени до шест месеци. Прељубата исто така ќе биде прекршок за кој луѓето можат да бидат затворени.

Аџенг, 28-годишна муслиманка која живее во градот Депок во Западна Јава, рече дека сега е во ризик затоа што живее со својот партнер во последните пет години.

„Со новиот закон, и двајцата можеме да одиме во затвор ако некој од семејството одлучи да поднесе пријава во полиција. Што ако некој член на семејството има проблем со мене и реши да ме испрати во затвор? Мислам дека заедничкиот живот или сексот надвор од бракот не е кривично дело. Во мојата религија, тоа се смета за грев. Но, мислам дека кривичниот законик не треба да се заснова на одредена религија“, изјави таа за Би-Би-Си.

Таа рече дека се приклучила на протестите низ целата земја во 2019 година, кога законот за прв пат бил најавен. Меѓутоа, во вторникот, парламентот едногласно го одобри новиот кодекс од над 600 членови.

Групите за права велат дека новите одредби непропорционално ги погодуваат жените, ЛГБТ луѓето и етничките малцинства меѓу населението од 267 милиони луѓе.

Содржи голем број нови клаузули кои го криминализираат неморалот и богохулењето и го ограничуваат политичкото и верското изразување. Критичарите велат дека промените се „катастрофа“ за човековите права.

Директорката на Хјуман рајтс воч за Азија, Елејн Пирсон, изјави за Би-Би-Си дека тоа е „огромно назадување за земјата која се обиде да се прикаже себеси како модерна муслиманска демократија“.

Истражувачот на групата со седиште во Џакарта, Андреас Харсано, рече дека има милиони парови во Индонезија кои не се венчани „особено меѓу домородните народи или муслиманите во руралните области“ кои се венчале само на одредени верски церемонии.

„Овие луѓе теоретски ќе го прекршат законот бидејќи живеат заедно и можат да бидат казнет до шест месеци затвор“, изјави тој за Би-Би-Си.

Тој додаде дека истражувањето од земјите од Персискиот залив, каде што има слични закони кои регулираат секс и врски, покажале дека жените биле казнети и мета на таквите закони за морал повеќе отколку мажите.

Сега во кодексот има и шест закони за богохулење, вклучително и отпадништво – откажување од религија. За прв пат од нејзината независност, Индонезија ќе го направи да биде нелегално некого да убедувате да биде неверник.

Новите закони за клевета, исто така, ги сметаат за нелегални навредите за претседателот или критиките за државната идеологија.

Извор: Би-Би-Си

Пренесува: Мета

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: вонбрачни сексуални односиИндонезија

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk