ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тркалезната маса на ЕБОР и ЕУ: Конкурентноста е инвестиција за иднината, не постои подобар начин да се поттикне развојот

December 6, 2022 12:15
in БИЗНИС, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Не двоумете се да инвестирате во вашата конкурентност. Тоа можеби не е ваш приоритет во однос на приоритетните задачи меѓутоа сепак кога станува збор за модернизација времето не е на наша страна. Само оние што се брзи успеваат. Тоа е реалноста, им порача претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во државава, Анди Аранитаси на малите и средните претпријатија.

Тој на Тркалезната маса за Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија (МСП) во Северна Македонија,  што денеска се одржува во Скопје во организација на  ЕБОР и Делегацијата на Европската Унија, посочи дека оваа програма првпат се воведува во земјава за небанкарски инструменти и ги повика МСП да ги искористат можностите што им се нудат.

-Не постои подобар начин за да се поттикне развојот на една земја, рече Аранитаси.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи посочи дека конкурентноста е една од најлошо разбраните области во нашата земја.

-Кога и да зборуваме за ова разговорите се однесуваат на трошоците на секоја компанија. Не толку компании имаат разбрано дека конкурентноста всушност е инвестиција за иднината, рече Битиќи.

Нагласи дека пристапот до финансиите претставува многу важен елемент во развојот на МСП.

Токму, како што кажа, МСП претставуваат 99 проценти од сите бизниси во Европската Унија и вработуваат околу 100 милиони лица и остваруваат повеќе од половина од БДП на Европа. Тоа, додаде, исто важи и кај нас.

Раководителот на проекти во  Делегација на Европска Унија, Мари-Маделеине Канелопуло истакна дека МСП се сржта и основата на економиите.

-Пристапот до финансии останува еден од клучните пречки за развојот  на бизнисите и заради тоа во изминатите години ги здруживме силите со ЕБОР за дадеме поддршка преку оваа програма, рече Канелопуло.

Нагласи дека во последниот период МСП се под огромно влијание на пандемијата и на војната во Украина поради што се зголемија цените на енергијата и во комбинација со другите проблеми во синџирот на набавки се предизвикаа други проблеми за претпријатијата.

-Државата треба да развие широк спектар на добро координирани политики  со цел да се засили интернационализацијата на компаниите, продуктивноста и конкурентноста. Тоа треба да вклучува унапредување на извозот, политички акции, подобрување на капацитетите за исполнување на стандардите за квалитет кои се бараат во различните индустрии, како и забрзана дигитализација, посочи Канелопуло и додаде дека бизнисите и државата во сето ова може да сметат на поддршката од ЕУ.

На настанот беа промовирани резултатите и научените лекции од Програмата за конкурентност на МСП за земјава, која е ко-финансирана од Европската Унија и со која се поддржани над 200 мали бизниси.

Ова е најголемата програма со финансиски институции спроведена од ЕБОР во рамките на која за земјава обезбеди 51 милион евра што е втор по износ, но прв според глава на жител во Западен Балкан. Првично беа планирани 30 милиони евра од националните ИПА фондови на ЕУ, но поради високиот интерес на локалните МСП беа доделени дополнителни 16 милиони евра со поддршка од регионалните ИПА фондови. Дополнително ЕБОР склучи договор за последните 5 милиони евра со кои се обезбеди потребната техничка поддршка и грант поддршката од сопствените фондови.

Под оваа програма, ЕБОР обезбеди кредит за локалните комерцијални банки кои понатаму овозможија кредитирање на локалните мали бизниси. Покрај кредитите, МСП имаа корист од грант поддршка финансирана од Европската Унија, во износ до 15 отсто од износот на кредитот и бесплатна техничка помош. 

Next Post

Тирана- Самит за нова надеж во европските интеграции

НАЈНОВО

Русија тврди дека има нова нуклеарна крстосувачка ракета со неограничен дострел и може да избегне каков било одбранбен систем

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Работничката партија на Курдистан објави дека се повлекува од Турција како дел од процесот на разоружување

October 26, 2025
Фото: Герасимовски на ФБ

Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела!

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk