ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Блаже Конески – нулта точка меѓу пред и потоа

December 7, 2022 11:19
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, КУЛТУРА
Блаже Конески

Блаже Конески

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Анамарија Цинеге-Панзова

Блаже Конески е личност во македонската култура во која се среќава сѐ што било пред него и од која поаѓа сѐ што следува по него. Во таква смисла, тој е нулта точка не само на македонската литература, туку и на македонската наука за јазикот и на историјата, па и на современата македонска самосвест и македонската култура воопшто.

Неверојатно е како оваа личност, млад јунак на своето време пред и за време на светска војна, обмислено, потполно свесно и систематично го собира во себе сето она знаење со кое ќе ги постави темелите, односно ќе изгради основа за кодифицирано самоизразување на самостојна, нова нација. Но, не нова во смисла да ја „измисли“ како што велат злонамерните, туку нација која според неговите надежи во догледно време конечно ќе дојде до можност за себеизразување и до изразување на својата посебност, по толку столетија и децении потиснатост и потрага по своето, по својот пат за искажување на својот автентичен израз во сите погледи на модерниот живот. Ама со зачувување на својата традиција, бидејќи како што се вели, самоформирањето на една нација не доаѓа од небо, ниту може да дојде од еден човек, туку се прави постепено, низ векови, минувајќи препреки, но кога еднаш е започнато, тогаш веќе е незапирливо.

Блаже Конески имал среќа што се родил во времето, односно на работ на конечното слободно изразување на националната самосвест, и откако го сфатил тоа, и разбирајќи ја и можноста што ја нудат тогашните историски околности, храбро и свесно застанал на чело на заокружувањето на таквиот процес, и поставувањето на темелите на сѐ она што следува по таа точка. Со своето огромно дело, чијшто обем за денешно време веќе е незамисливо да се создаде од еден единствен човек (иако и самиот имал помош од своите соработници и од тогашните студенти-ентузијасти, како и од колегите истомисленици од други области, чиј придонес исто така не треба да се заборави во градењето на тогашната нова држава и положување на основите на современата македонска култура) станува нулта точка на речиси сѐ што сега значи Македонија. Треба да го почитуваме неговото дело и делото на неговите современици кои учествувале во тој огромен потфат, кој впрочем, во тоа време се одвивал и во други држави – градењето на еден нов свет, всушност модерниот свет во кој и ден денес живееме.

Колку и некои да сакаат тркалото на времето да се сврти наназад, тоа нема да се случи. Враќање во оној свет и она време пред овој денешен и сегашен свет и пред денешното време, не е можно. Сите стоиме стаписани пред таквиот ретрограден, деструктивен обид на некои за враќање на времето и негирање на сѐ она што модерното време ни го носи како придонес, напредок и развој. Но, тоа нема да се случи. Конески е нулта точка на речиси сето она што значи Македонија!


Авторката е книжевна преведувачка од Унгарија, учесничка на школите на МСМЈЛК при УКИМ. Текстот е напишан во текот на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Next Post
Фото: english.sakshi.com

За американската амбасадорка уставните измени се над политиката, опозицијата да не противречи колку да е против

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk