ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Течат блокадите на превозниците, абер нема од решение: „Нема причина 600.000 скопјани да страдаат за политички и економски интереси на неколкумина“

December 7, 2022 10:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе трет ден како течат протестите и блокадите на приватните превозници на три критични сообраќајни точки во градот. Засега нема никаква реакција од Град Скопје, ниту абер дeка на повидок средба меѓу градоначалничката Данела Арсовска и преставници на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ за исплаќање на долгот кој што го бараат од ЈСП Скопје.

„Се чекаше известување од Градот за да видат што ќе прават, но нема никаков пристап или понуда за договор, засега блокадите остануваат“, потврди вчера директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Според голем дел од јавноста, најголема штета од ваквиот хаос трпат граѓаните кои не можат да стигнат навреме на своите работни места. Поранешниот член на Советот на Град Скопје, Васко Лазаревски смета дека е погрешно 600.000 скопјани да страдаат за политички и економски интереси на неколкумина.

-Ленин Јовановски беше еден вид фронтмен на кампањата на Арсовска и очигледно нејзин близок соработник. Судирот меѓу нив започна во исто време со судирот меѓу Арсовска и ВМРО ДПМНЕ и веројатно таму треба да се бара причината за екслацијата. Ако имаат долгови, нека си ги расчистат како и сите останати – преку системот, вели Лазаревски за „Локално“.

Соговорникот очекува драматични слики, но не и ескалација на ситуацијата, иако министерот за локална самоуправа Ристо Пенов изјави дека Владата има механизам за запирање на блокадата на главниот град од приватните превозници и дека нивните автобуси може насилно да бидат тргнати од улиците.

-Се сомневам дека некој ќе организира масовни немири на оваа тема, подвлекува Лазаревски.

Деновиве актуелна е темата и со Бас рапид транзит (БРТ) што го финансира Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а поранешниот советник за него вели дека е само почеток на обмислена реформа на јавниот сообраќај во градот.

-Нуди долгорочно решение, а во исто време остава простор за негово унапредување и воведување на нови сообраќајни технологии. Сегашниот систем на јавен превоз е според студии правени во осумдесеттите години и не одговара на реланите состојби и потреби на Скопјани. Скопје е сосема поинаков град денес. Воведување нови авотбуси во стариот систем нема да ја зголеми неговата функционалност и нема да го направи попривлечен за користење, оценува Лазаревски.

Актуелната советничка во градот Анжелика Апсис во разговор за „Локално“ го оправува правото на протест, но смета дека е премногу да се парализира целиот град.

Граѓанско право е да се излезе на организиран протест. Но да се парализира цел град тоа е многу голема штета и ја плаќа само граѓанинот, потенцира советничката од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

Апсис смета дека не може да се врши притисок врз граѓаните за да биде решене проблемот.

-Граѓаните ја избраа градската власт и очекуваат таа да биде функционална, коментира соговорничката.

По најавите за насилно тргање на автобусите, при што беа спомнувани и „тенкови“ од страна на директорот на „Слобода превоз“, советничката не очекува некакво такво сценарио.

-Не верувам дека може да дојде до ескалација ниту пак некој ќе се обиде да ги тргне со сила поставените автобуси. Во сериозна енергетска криза сме и овој протест најмногу ги чини граѓаните, децидна е Апсис и додава дека БРТ системот е најдоброто решение за Скопје и скопјани.

Н.П.

Извор: Локално

Next Post

Закана со бомба во УЈП и Народна банка, полицијата е на терен

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk