ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Зулбеари: Потребна е медиумска едукација за борба против дезинформациите

December 7, 2022 14:52
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

– За борба против дезинформациите и пропагандата треба сите чинители во општеството да се вклучат за да не се отвори можност за манипулации и пропаганда. А за ова да се постигге треба напор и вклучување на повеќе елементи во општеството, вклучувајќи и медиумска едукација уште од најраната возраст. Проблемот со дезинформациите не е нов, тој постои веќе неколку години, и се шири и продира низ различни канали во нашите медиуми и социјални мрежи, нагласи главната уредничка на интернет медиумот „Порталб“ и медиумски проект на Фондацијата Метаморфозис, Елида Зулбеари.

„Во земјава повеќе проблем на ширење на дезинформации гледаме кога има разни поголеми настани, како референдуми, избори, тогаш гледаме посилен бран на ширење дезинформации, без разлика дали се создадени во земјата или надвор“, нагласи Зулбеари.

Таа понатаму вели дека целта на дезинформациите во земјава, како што приметивме во фондацијата Метамерфозис, која се занимава со борба против дезинформациите речиси 12 години, е да се дестабилизира државата и да се создаде недоверба во демократијата.

„Кога во едно мултиетничко општество има недоверба, тоа може да биде многу опасно и може да и нанесе голема штета на нашата земја„ вели Зулбеари, додавајќи дека професионалните медиуми се во постојана борба со дистрибутерите на дезинформации и се обидуваат преку нивната професионалност да успеат да ја распределат точната информација за да има право граѓанинот да добива точни, проверени информации.

Борбата против дезинформациите не може да ја направи само еден чинител во општеството, вели Зулбеари, нагласувајќи дека не може само медиумите да се борат со дезинформациите.

 „За да се постигне сеопфатен ефект, многу актери кои имаат свои дефинирани задачи мора да се борат заедно и секој да си ја врши својата задача.

Како начин за борба против дезинформациите таа нагласи дека треба да се обезбеди медиумска едукација во училиштата уште од најрана возраст за да се постигне своевидно негување на критичко размислување кај младите кои ќе можат да ги препознаат дезинформациите уште од мали нозе, со тоа што и новинарите треба да ги почитуваат новинарските принципи.

„Ќе бидат отпорни, нема да станат плен на дезинформации за да бидат изманипулирани и измамени“, кажа Злубеари во однос на внесувањето на едукацијата за медиуми.

Во однос на борбата со дезинформации, таа потенцираше дека тука се и невладините организации како Метаморфозис, кои продолжуваат со услугите за верификација на фактите, во кој членуваат специјализирани новинари кои се занимаваат со разсветлување на дезинформации што се шират преку социјалните медиуми.

Како последен елемент за ​​борба со манипулациите таа ја нагласи  транспарентноста.

„Секогаш кога Владата и институциите отворено ги даваат своите информации, тогаш ја избегнуваме можноста некој да манипулира во отсуство на факти. Тие мора да бидат достапни и да овозможат слободен пристап на другите новинари и на тој начин сите актери да стигнат до општество кое ќе биде отпорно на дезинформации“, порача Зулбеари.

Интервјуто е дел од проектот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ кој Цивил го спроведува во партнерство со Youth4Media (Y4M) од Германија.

Назми Абдурахмани
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Дехран Муратов 

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Ковачевски-Едштадлер: Северна Македонија доверлив партнер и идна членка на ЕУ

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk