ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кутиров: Реконструкција на граничните премини со Бугарија и дигитализација на постапките за подобрување на трговската размена во регионот

December 8, 2022 08:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Граничен премин Клепало. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Граничен премин Клепало. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Целосна дигитализација и комплетно автоматизирани и бесхартиени царински постапки, реконструкција на граничните премини со Бугарија како и изградба на нов граничен премин Клепало, се дел од активностите кои ги презема Царинската управа во насока на олеснување на трговијата и зголемување на регионалната соработка со Бугарија. Ова го истакна директорката Славица Кутиров, на панел дискусија одржана во рамки на Бизнис форум за унапредување на соработката помеѓу двете држави.

Во насока на целосно автоматско и бесхартиени постапки, како едно од најголемите барања на бизнис коморите, Кутиров нагласи дека е воведена „зелена царинска декларација“, со што од минатиот месец царинските постапки завршуваат за еден час.

„Значајно во оваа новина е што економските оператори целата постапка ја спроведуваат бесхартиено и далечински, без да доаѓаат во царинските терминали и без било каква интеракција со царинскиот службеник. Веќе сведочиме за позитивни коментари и искуства од страна на деловната заедница за воведувањето на зелените царински декларации“, вели Кутиров.

Во делот на инфраструктурни проекти, Кутиров истакна во моментот се работи на реконструкција на два гранични премина со Република Бугарија: Деве Баир и Делчево, како и на воспоставување нов граничен премин Берово (Клепало) – Струмјани.

„Заложбите на двете земји, со поддршка од Владите и работата на Царинската управа од наша страна и Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, резултираа со одобрување на инвестиција преку ИПА инструментот за прекугранична соработка за овој стратешки проект за воспоставување на нов граничен премин Клепало. Со тоа на долгорочен план ќе придонесеме за олеснување на трговската размена и патничкиот промет меѓу двете држави, а заедничката реализација дополнително придонесува кон подобрување на регионалната соработка“, истакна директорката Кутиров.

Воедно, Кутиров потенцира дека позитивните искуства од примената на Зелените коридори во рамки на ЦЕФТА, веќе се пренесуваат на активностите за проширување на истите и кон соседните земји-членки на ЕУ. По потпишувањето на Меморандум за размена на податоци со Република Грција и воспоставувањето првиот зелен коридор со земја-членка на ЕУ, веќе постои иницијатива за проширување на овој концепт и на граничните премини со Република Бугарија, како дел од заедничките активности за олеснување на прекуграничната трговија во регионот.

 

Tags: бугаријагранични преминиреконструкција
Next Post
Фото: Фронтлајн

Цените на лебот, млекото, месото паѓаат – Владините мерки даваат резултати, инспекциите на готовс за решавање на „воените профитери”

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk