ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Толку беа гласни, што засипнаа и им се одзеде гласот

December 8, 2022 08:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА

Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ

Сите се бунат за сообраќајниот хаос, само ‘неутралните исташи’ и ‘ФБ експертите’ молчат. Беа најгласни, а сега најмногу молчат. Гласни беа во поддршката за Данела кога се закануваше со тужби заради поседувањето бугарско државјанство. Гласни беа кога Данела ветуваше бесплатен јавен превоз. И кога ветуваше дека од Скопје ќе направи современ европски град. Толку беа гласни, што засипнаа и им се одзеде гласот.

Вака, така, Данела стана градоначалник. Со помош на ВМРО-ДПМНЕ, но и со голема помош на разни ‘камикази’, ‘бениевци’ и на сите останати ‘неутрални исташи’ и ‘ФБ експерти’.

И тогаш почна циркусот. Данела се откажа од исклучително поволната финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за модернизација на сообраќајот во Скопје. Се откажа Данела од тие 188 милиони евра затоа што немаше тогаш ‘мед’ за неа и за ВМРО-ДПМНЕ. Се правдаше со тоа дека ЕБОР немале појма за што даваат пари, па следуваше реакција од ЕБОР во којашто беше наведено дека тие се сериозна институција и дека финансиска поддршка даваат само за квалитетни проекти. Данела се искара и со архитектите и го сопре проектот ‘Универзална сала’. Данела сопре и многу други квалитетни проекти. И како капак на сè, дојде хаосот со јавниот превоз во Скопје.

‘Неутралните исташи’ и ‘ФБ експертите’ и натаму молчат. Молчат и од Левица. А зошто молчат слушнавме од изјавата на Жарко Масларковски кој призна дека Данела во град Скопје вработила повеќе од 30 членови на нивната партија.

Да ги поздравам на крај сите што молчат, со неколку постари и понови изјави од оние што ѝ даваа поддршка на Данела.

Гордана Силјановска Давкова: „Данела, женствена и културна. Информирана и подготвена, со конкретни проекти за реформи. Внесе свежина на мислата и духот, смиреност во дијалогот, одговорност на речта, насмевка и убавина во изразот.“

Александар Николоски: „Ја поддржуваме Данела Арсовска и тоа е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ сака да расте. Ги поддржуваме нејзините одлични идеи, проекти и решенија.“

Билјана Ванковска: „Данела ми стана прифатлива и симпатична. Сега немам друг избор освен да гласам за неа!“

Трајко Славевски: „Советот е составен од квалитетни професионалци и ќе ѝ дадеме поддршка на Данела Арсовска.“

Перо Камиказа: „Под притисок на ВМРО ја поддржувам Данела.“

Драган Павловиќ Латас: „Моја проценка е дека Данела е формат за министер, премиер или претседател!“

Игор Дурловски: „Невини луѓе скапуваат по затвори, а ФБ врие за закоченото скопјенце. Одвратно!“

Христијан Мицкоски: „Кога ќе дојдеме на власт ќе го решиме сообраќајот во Скопје.“


Текстот е личен став на Авторот

Tags: Данела АрсовскаСкопјесообраќаен хаос
Next Post
Граничен премин Клепало. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Кутиров: Реконструкција на граничните премини со Бугарија и дигитализација на постапките за подобрување на трговската размена во регионот

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk