ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СП 2022: Хрватите се фудбалско чудо, на пенали го елиминираа големиот Бразил

December 9, 2022 19:21
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватска и Бразил го одиграа четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар, а по голема борба и голема драма во полуфинале оди составот на Златко Далиќ која повторно беше успешна на пенали.

Немаше голови во регуларните 90 минути (0:0), а во продолженијата, поточно во 105 минута, последното од првото продолжение, Нејмар одигра двојно додавање со двајца соиграчи, го заобиколи Ливаковиќ и на крајот од непосредна близина ја заби топката во мрежата за 1:0.

Хрватска не се предаваше, Далиќ ги внесе во игра Будимир и Петковиќ, сите карти ги фрли во напад знаејќи дека нема што да загуби. А потоа во 116 минута Оршиќ нафрла по земја, Петковиќ шутира, а топката од Маркињос се одби во мрежата на Алисон, за голема радост на „коцкестите“.

Следеше пенал-драма, нешто на што сите се навикнавме кога Хрватска игра на големите натпреварувања.

Прв стрелаше Влашиќ. Тој шутираше во средината и постигна гол за Хрватска, а потоа трагичар во редовите на бразилската селекција беше Родриго кој не успеа да го совлада Ливаковиќ.

И Ловро Мајер шутираше во средината и беше прецизен за 2:0. Касемиро беше сигурен во втората серија за 2:1. Тогаш топката ја зеде Модриќ, кој беше целосно сигурен во приближувањето на Хрватска до големото полуфинале. Педро беше следниот изведувач за Бразил, но постигнаа и тој и Касемиро. Оршиќ на спротивната страна исто така прецизно стрелаше, а Маркињос кој мораше да реализира, ја погоди стативата, по што следуваше големата радост на Хрватите.

Во полуфиналето Хрватите ќе играат против подобриот од мечот меѓу Аргентина и Холандија кој започнува вечерва од 20.00 часот. Во преостанатите четвртфинални двојки утре се среќаваат Франција и Англија, а Португалија и Мароко.

Извор: Слободен печат
Tags: БразилСветско Првенство Катар 2022хрватска
Next Post

Грковска: Не ни требаат реформи на хартија, ни треба ефикасна борба против корупцијата

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk