„Ќе се отворат илјадници работни места“, рече Копечни, сугерирајќи дека работниците би можеле да дојдат од Украина чија наменска индустрија е мета на руски напади.
„Сè зависи од тоа колку ќе се зголемат производствените капацитети на чешките компании или производството на заедничките чешко-украински фабрики за оружје“, рече тој.
Копечни рече дека чешкиот премиер Петр Фиала на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев во октомври дал согласност за прифат на квалификувани работници од украинската наменска индустрија.
Михал Стрнад, првиот човек во големата фабрика за оружје „Чехословак Груп“, минатата недела изјави дека украинските сили неделно трошат до 40 илјади гранати изработени од наменската индустрија на Запад.
„Многу работи и беа испорачани на Украина. Меѓутоа, факт е дека денес Украинците пукаат помалку отколку што би можеле затоа што немаат доволно муниција“, рече тој