Популарната кант авторка Сузан Вега има нова нумера насловена „Последниот воз од Мариупол“, посветена за руската агресија врз Украина.
Синглот е напишан како одговор на ужасите од тековната руска инвазија врз Украина, вели Вега.
„Идејата ја имав долго време и на крајот ја напишав додека бев на турнеја во јули“, вели Вега. „Се надевав дека ќе можам да го додадам на турнејата тогаш, но наместо тоа, добив „Ковид“ и помислив дека е подобро да не се плеткам со сет-листата токму тогаш“.
Музика, текст, вокал, и гитара се на Сузан Вега. Аранжманот е од Гери Леонард, а камерата и видео монтажата е на Пол Милс.
J. Ѓ.