ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Денешните закани за бомби се лажни, но проверката продолжува во уште неколку училишта

December 15, 2022 15:58
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на денешниот ден добиени се дојави за поставени експлозивни направи 17 основни и 22 средни училишта во Скопје и во осум основни и едно средно во Куманово, при што во најголемиот дел од скопските училишта и во сите кумановски проверките се завршени и е констатирано дека се работи за лажна закана, информира МВР.

За останатите училишта во Скопје проверките се уште траат и кога ќе завршат МВР дополнително ќе информира за резултатите.

Како што соопшти претходно МВР, утрово во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека на електронските адреси на училишта во Скопје и Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираа од МВР.

Дојави за бомби, според сознанија на МИА, меѓу остатантите, имало во основните училишта „Александар Македонски“, „Лазо Ангеловски“ и „Ѓорѓија Пулевски“ на територија на Општина Аеродром, како и во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар.

Во Куманово, пак како што јави дописничката на МИА, 9.10 часот утрово пристигнала дојава за бомба во основно училиште „Браќа Миладиновци“, по што надлежните пријавиле во полицијата и учениците и наставниците биле евакуирани за осум минути

– Во 09:10 беше добиен мејл на нашиот училиштен мејл од извесен Антонио, каде најавува дека во училиштето има поставено бомба. Во 09:18 повикав 192, но првично беше преземена евакуација на вработените и учениците. Учениците беа изведени без паника од училниците, влегов реков „Ајде Нова година, ги скратуваме часовите, ве честам“, за да направиме атмосферата да не биде панична. За осум минути беа изведени учениците и вработените од објектот, изјави директорката на училиштето, Јасмина Спасовска.

Надлежните од „Браќа Миладиновци“ го следеле планот за евакуација кој бил подготвен за планот за евакуација кој бил издаден по пожарот во модуларната болница во Тетово.

– Планот беше наменет за елементарни непогоди, пожари. Во тој период тогаш пристапивме кон целосни документи, планови, симулации на вежби за евакуација и тогаш четири и пол минути ни требаше за евакуација. Меѓутоа еве сега ни послужи и сметам дека за многу брзо време да излеземе на безбедно, појаснува Спасовска.

Во 9.15 часот и на училишниот мејл на кумановското основно училиште „11 Октомври“ стигнала дојава за поставена експлозивна направа.

– Веднаш ја информиравме кумановската полиција и пристапивме кон евакуација на учениците им кажавме дека има со проблеми со греење за да спречиме паника. Немаше паника, учениците и наставниците безбедно заминаа дома, изјави директорката Елизабета Костиќ.

Директорката на основното училиште „Карпош“ од село Умин Дол, Тања Тодоровска потврди дека и на нивниот училиштен мејл пристигнала закана за поставена експлозивна направа.

– Дечињата веднаш се евакуирани за помалку од една минута. Го следевме планот за евакуација и насоките кои сме ги добивале од претходни обуки, изјави Тодоровска.

Училишната зграда е една од најголемите во Куманово и по бројност е едно од најголемите училишта во државата. Извесен период улицата „Народна револуција“ беше блокирана за сообраќај, исто и улицата каде е сместена кумановската гимназија „Гоце Делчев“ чиишто ученици поради реконструкција на подови следат онлајн настава.

Според податоците на Општина Куманово, покрај до овие три, дојави за поставени бомби биле упатени и до основните училишта „Бајрам Шабани“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Де Рада“, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и до средното општинско училиште „Гоце Делчев“. Станува збор претежно за училишта во поширокото централно градско подрачје, но и за објекти вон градот, каде наставата се изведува на македонски и на албански наставен јазик.

Tags: закани за бомбиучилишта
Next Post

Васко Ковачевски: Реализиран 97,81 отсто од годишниот план за производство на АД ЕСМ

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk