ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Нема да има ценовен шок, се калкулира за цената на струјата од 1 јануари

December 15, 2022 12:58
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во моментов се прават калкулации за евентуалната цена на електрична енергија од 1 јануари, но Владата нема да дозволи да има ценовен шок за граѓаните, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Она што во моментов се прави е калкулациите и дискусиите на релација на задолжените министерства и задолжените претпријатија во државата во поглед на определувањето на цената на електрична енергија за идното полугодие почнувајќи од 1 јануари. Клучно е, повеќе елементи има во цената на електричната енергија бидејќи ЕСМ не произведува електрична енергија само за ЕВН Хоум, туку тоа произведува електрична енергија и за загубите во мрежа и исто така за делот којшто е потребен и за дистрибуција, што значи дека не може да се каже дали една цена ќе биде 48 евра, туку се работи за три ценовни категории коишто влијаат на финалната цена која што ја добиваат купувачите, рече премиерот Ковачевски.

Можам да потврдам, потенцираше тој, дека „Владата нема да дозволи да има ценовен шок за граѓаните“.

-За сите граѓани како што не дозволивме и досега, и исто така ќе се потрудиме да се определи цена на електрична енергија со зголемено производство на електрична енергија бидејќи на тој начин може да се намали цената која што ќе овозможи и релаксирање на регулираниот пазар во делот на малите потрошувачи каде има 72 илјади компании кои вработуваат 98 проценти на вработени во државата, рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека не може да ја знае финалната цена на струјата, но дека ќе нема ценовен шок за граѓаните.  Цената на струјата, вели тој, зависи прво од одлуката на РКЕ која решева независно, додека цената на електрична енергија која што државното производство на електрична енергија ја продава на ЕСМ зависи од трошоците на производство, како и од економијата на обем која што ја постигнува

Tags: ВладаДимитар КовачевскиКовачевскиструја
Next Post

Ковачевски: Културните клубови треба да ги зближуваат граѓаните, а не да создаваат раздор

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk