Според истражувањето засновано на сателитски снимки од Програмата за безбедност на храната и земјоделството на НАСА, Украина загубила најмалку една милијарда долари од пченицата собрана на територијата окупирана од Русија.
НАСА користела модел на машинско учење кој ги мапира промените во текстурата и бојата врз основа на сателитски снимки направени од 12 до 26 јули, и на тој начин ги мапирала локациите на посевите што биле ожнеани, и на оние кои не биле.
Извештајот на НАСА (NASA Harvest), покажува дека речиси 6 милиони тони пченица биле собрани од територии кои не се контролирани од Украина. Станува збор за околу 88 отсто од зимските култури на окупираните територии. Оние кои не биле ожнеани најчесто се наоѓаат по линијата на фронтот.
NASA Harvest calculated that farmers harvested 26.6 million tons of wheat in 2022, several million tons higher than expected in leading forecasts. However, Ukraine does not have access to 22% of that wheat in the eastern part of the country due to the war.https://t.co/I6QwkUR85R
— Harvest (@HarvestProgram) December 5, 2022
Како што објаснуваат, во прикажаниот мозаик од природни бои се издвојуваат неожнеаните полиња со пченица (темно кафеава) во споредба со ожнеаните (светло кафени) полиња на северот и југот на Украина. Посветлата кафеава боја ги претставува растителните остатоци кои ги покриваат полињата по жетвата.
Пченицата, пишува Блумберг, завршува на руски бродови и се извезува во земји како Либија и Иран. Не се знае колкава е количината, бидејќи испраќачите го кријат потеклото. Во Русија ја негираат кражбата, но според Блумберг, нивните официјални лица велат дека продолжуваат испораките од окупираните пристаништа.
НАСА проценува дека станува збор само за пченица, а ги исклучуваат другите култури.
Главниот обвинител на Швајцарија предупреди дека комерцијализацијата на ограбените суровини може да стане воено злосторство.
Од украинската компанија „HarvEast“ велат дека сите зимски посеви што ги посеале во регионот на Доњецк летово ги украле окупаторите.
„Годинава зимската пченица таму даде многу висок принос, благодарение на поволните временски услови“, изјави извршниот директор Дмитро Скорњаков, додавајќи дека се што е собрано на нивните ниви е украдено и одземено од Украина.
Тимот на NASA Harvest пресметал дека земјоделците собрале 26,6 милиони тони пченица во 2022 година, што е неколку милиони тони повеќе од предвиденото. Сепак, тоа е пад од рекордната жетва од претходната година, но блиску до петгодишниот просек од 27,9 милиони тони. Но, на истокот од земјата поради војната немале пристап до 22 отсто од површините под пченица.
Извор: Агротим