ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мицкоски и Арсовска ни понудија јаже, од нас бараат сами да си го ставиме околу вратот

December 16, 2022 12:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Точно ли е дека Мицкоски и се заканувал на Арсовска со зборовите „кога ќе станам премиер, ќе го бришеме подот со тебе“? Се плашам дека на ова прашање нема да добиеме никогаш одговор.

Ако нема да добиеме одговор, тогаш може ли да се сомневаме дека исказот на Арсовска е точен, затоа што, знаеме сите, ама се правиме наудрени: Мицковата партија е исклучително „машка“, а со тоа и шовинистичка, а со тоа и расистичка, а со тоа и дискриминаторска, а со тоа и хомофобична, антимодерна, антиплурална, недемократска…

Ние, видете, ја зборуваме оваа приказна веќе пет години. Ама ние сме биле (односно јас сум бил?) радикални, екстремни, нетолерантни…

Ако е екстремно тоа што барам дека не треба по жени да се мава и дере, тогаш признавам, јас сум екстремен. Ако сум екстремен со тоа што велам дека мицковци од Македонија ќе направат биртија во кој подот ќе биде поплочен со искршени флаши и тањири, а плафоните издупчени со рафали од куршуми, затоа што ќе им биде забрането да пукаат во други луѓе од друга вера и од друг културолошки код, тогаш признавам – јас сум екстремен.

И Мицкоски со мојата аргументација/или анализа, знам, ќе си го избрише задникот.

Мицкоски нема никогаш да поднесе оставка затоа што на Арсовска ѝ се заканувал брутално и екстремно. Од друга страна, Арсовска, таа жена, не е крпа со која можеш да бришеш под. Мицкоски, имено, одлучува дека ќе спроведува константен линч кон неа затоа што не е достојна да биде во ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на Мицкоски, а така беше и во времето на Груевски, функционира како култ на смртта: „Oпсада Вако“ е култ од 80 разиграни Давидијанци и нивниот водач Дејвид Кореши. Прикaзната, веројатно, сите ја знаете. Покрај тоа што направија таква катастрофа, следбениците тврдеа дека се големи верници во Бога. Меѓутоа, оние кои преживеаја, еден од учесниците во култот велеше дека следбениците се занимавале со мирољубиво проучување на Библијата.

Сакам да кажам, Мицкоски ги брани своите илузии така што се заканува. Многу јасно и конкретно. Ако кога од илузија ќе преминеш во конкретно, е тогаш умее да биде гадно. Истото важи и за заедниците, а богами исто важи и за националните колективитети.

И како во кафеана, на фајронт доаѓа келнерот и ни вели – ајде да видиме што овде имавме…

„Со доаѓање на Арсовска сè ќе се промени на подобро“, велеше на локалните избори Мицкоски. Се сеќавате на тоа? Точно, сè се промени. Ама на полошо. Полесен ли е живот на Скопјани со Арсовска? Не. Дали состојбата на демократија е подобра откако Мицкоски е локална власт? Прашањето е, секако, реторичко.

Зошто сето ова ви го зборувам?

„Традиционалистичката партија“ на Мицкоски е потрошена. Кога и да има избори, таа партија нема да победи. На претседателските и парламентарните избори ќе победат кандидати кои ќе бидат од владеачката СДСМ.

А зошто?

Затоа што бесот и омразата не се сојузници. Мицкоски сака од нас сите да се претвориме во насилници. Тоа нема да му го дадеме, туку ќе му дадеме само презир. Бидејќи презирот е многу посилен од насилството.

Ова општество има сила, одважност и искреност; со „традицоналистичката партија“ на Мицкоски е готово.

Нудеа проекти, бесплатен превоз, модерност… Нудеа нов и урбан живот? Нема ништо од тоа. Превозниците плачат, не можат да однесат пари дома, се срамат, поточно посрамени се затоа што не можат да ја вршат својата работа и однесат храна за своите семејства. Тоа ли е модерноста, урбаноста и новиот градски живот за кој Мицкоски нè убедуваше на локалните избори? Дали урбаност е ако напикаш 120 луѓе без конкурс во јавна администрација?

Мицкоски работи во „вонредна состојба“. Таа вонредна состојба со која оперира Мицкоски, Агамбен за тоа ни даде клуч: „кога не можеш да се одлучиш измеѓу демократија и апсолутизам, прво нешто за кое се фаќаш е вонредната состојба во која сè замаглуваш и сè ловиш“.

Значи, Мицковци на локалните избори ни понудија јаже околу вратот. Од нас еднинствено се бара самите да си го ставиме околу вратот.

За таа цел, од мене има само презир. Презирот е многу посилен од насилството.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: АрсовскаМицкоски
Next Post

Тренчевска: Соработката со Светска банка води до видливо позитивни резултати

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk