Русија утринава изврши уште еден масовен ракетен напад врз Украина, соопштија украинските власти. Експлозии се слушнаа во источниот град Харкив, а локалните власти соопштија дека е погодена клучна инфраструктура во градот.
Официјални лица во црноморскиот регион Одеса, исто така, наведуваат дека руски ракети погодиле критична инфраструктура.
Британските медиуми објавуваат дека силни експлозии се слушнале и во главниот град Кијив, иако не е јасно дали се работи за противвоздушната одбрана или проектили што ја пробиле одбраната и ги погодиле наменетите цели. Засега нема информации за можни жртви, исто како што нема детали за инфраструктурата што е зафатена.
Поради денешните ракетни напади гувернерот на северниот регион Шуми соопшти дека дошло до прекин на електричната енергија