ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Соработката со Светска банка води до видливо позитивни резултати

December 16, 2022 12:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претставници на Светска Банка, на која беа присутни Зоран Анушиќ, виш специјалист за социјална заштита од Светска Банка и Цвета Петрушевска-Јончевска, аналитичар од Канцеларијата на Светска Банка во Скопје, како и претставници на Проектната единица во Скопје, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму нагласуваат дека на средбата беа сумирани резултатите од „Проектот за администрирање на социјалното осигурување“, кој што се спроведува со поддршка на Светска Банка, како и идните чекори за преостанатиот период до завршување на проектот, декември  2024 година.

Министерката Тренчевска изрази задоволство од досегашната соработка со претставниците на Светска Банка, нивната експертска поддршка и прогресот на Проектот во кој се предвидени сериозни реформски активности кои ќе резултираат со значајни промени во поставените системи во областа на евиденцијата на социјалното осигурување, проценката на попреченоста, вработување на лицата со попреченост и работните места класифицирани како опасни занимања со бенефициран стаж.

„Задоволни сме од реализацијата на Проектот за администрирање на социјалното осигурување и свесни за неговото значење во спроведувањето на реформите во неколку клучни сегменти. Владата на Република Северна Македонија во целост ја поддржува натамошната реализација на проектот и е посветена на интензивирање на активностите и соработката со банката“ истакна министерката Тренчевска.

Претставниците на Светска Банка изразија големо задоволство од одличната соработка, посветеноста на вклучените лица од Проектната единица и Министерството за труд и социјална политика и притоа ја истакнаа отвореноста за понатамошна соработка и имплементација на активностите во рамките на проектот.

Tags: реформиСветска БанкаТренчевска
Next Post

Бомбардирање со лажни бомби

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk