Дуња Иванова, врвна македонска пијанистка, е и спортистка со голем број постигнувања и во светот на спортот, како во земјава, така и надвор од неа. Таа, како дел од велосипедскиот клуб „Енерџи“ е прогласена за најуспешна велосипедистка во категориите Маунтинбајк и Вело крос, а освои и второ место во друмски велосипедизам.
Велосипедската федерација на Македонија ги додели признанијата за најуспешните спортисти за 2022 година вчера вечерта во Битола, каде што со признанија и награди се закити и Дуња Иванова.
Следниот подвиг на Иванова е Светското првенство во Хронометар во Глазгов 2023 година. Во историјата на македонскиот велосипедизам ова ќе биде прв пат женски претставник да настапи на Светско првенство.