Дуња Иванова е врвна македонска пијанистка, чие име се наоѓа во програмата на културни настани во голем број регионални и светски центри на уметноста, како Париз, Њујорк, Сицилија, Тирана и низа други. Но таа не постигнува врвни резултати само во областа на уметноста, туку и во спортот.
Иванова има огромен број постигнувања и во светот на спортот, како во земјава, така и надвор од неа. Како што објави Фротнлајн, Дуња Иванова е добитничка на највисоки спортски признанија и награди во земјава. Како дел од велосипедскиот клуб „Енерџи“, е прогласена за најуспешна велосипедистка во категориите Маунтинбајк и Вело крос, а освои и второ место во друмски велосипедизам. Навистина импозантен успех во еден од најпопуларните спортови во светот.
Следниот подвиг на Иванова е Светското првенство во Хронометар во Глазгов, август 2023 година. Во историјата на македонскиот велосипедизам ова ќе биде прв пат женски претставник да настапи на Светско првенство.
View this post on Instagram