Кремљ денеска ја оцени одлуката на ЕУ за ограничување на цените на гасот како „неприфатлива“. „Тоа е кршење на пазарниот процес на формирање на цените“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Секое повикување на „лимит“ (цена) е неприфатливо“, нагласи тој.
Министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ денеска се согласија да ги ограничат цените на гасот.
Тие одлучија механизмот за ограничување да се активира кога цената ќе достигне 180 евра за мегават час и 35 евра повеќе од референтната цена на ЛНГ за период од три последователни дена, велат дипломатски извори.
Само Унгарија беше против овој плафон, Австрија и Холандија беа воздржани, а Германија го поддржа. Сите овие земји претходно се спротивставија на интервенцијата на пазарот на гас и на ограничувањата на цените.
Механизмот ќе може да се активира од 15 февруари следната година.