Енергетската криза која го зафати светот по руската агресија на Украина ја потврди потребата од поголема енергетска независност на земјите во Европа, но и потребата од фокус на обновливите извори на енергија.
Транзицијата од фосилни горива на обновливи извори во Северна Македонија започна и пред енергетската криза, а токму кризата беше мотив плус за да се забрзаат процесите.
Движејќи се низ државата видливи се сѐ повеќе ветерни паркови кои произведуваат македонска енергија од македонски ветер. Возејќи по автопатот Скопје-Штип, кај Свети Николе се гледа ветерниот парк „Блогословец“ кој започна да се гради во 2021 година, а се очекува целосно да биде завршен следната, 2023 година.
Овој ветерен парк ќе има осум ветерници кои ќе произведуваат 36 мегават часови електрична енергија и претставува инвестиција од 61 милиони евра.
Кај Богданци веќе се активни државните ветерници, исто со капацитет од 36 мегават часови. Овој ветерен парк ќе биде надграден со уште три нови ветерници со што капацитетот ќе се издигне на 50 мегават часови.
Најголемата инвестиција во историјата на државата е исто така е во ветерници – 500 милиони евра од германската WPD. Оваа компанија ќе изгради 69 ветерници со капацитет од 415 мегавати на потегот Куманово – Крива Паланка.
Ваквите активности само ја потврдуваат посветеност на Владата на надминување на енергетската криза, но и обезбедување на државата и граѓаните за иднината. Северна Македонија пополека станува зелен енергетски центар во Европа со инвестициите не само во ветерници, туку и фотоволтаици.
Освен што се олеснија процедурите за инсталирање на фотоволтаици за домаќинствата и компаниите, се поголеми се и инвестициите на државата во капацитети за производство на електрична енергија од сонцето.
Во последните девет месеци пуштени се во употреба 27 мегавати фотоволтаични централи, а започна и трансформацијата на електраната Осломеј. Веќе се гради фотонапонска електрана од 10 мегавати, а преку јавно приватно партнерство оваа електрана ќе произведува 100 мегавати електрична енергија од македонското сонце.
По 30 години пропаднати тендери и одлагања, пред реализација и е историскиот проект за хидроелектраната „Чебрен“.
Со овие инвестиции, енергетскиот сектор, кој беше заборавен изминатите 30 години, добива нова сила и енергија, која ќе значи сигурност за граѓаните, но и стабилност и цврста основа за развој на македонската економија.
Тим Фронтлајн