ЕВН ги испорача сметките за струја за месец ноември, пишува Центар.мк. На фотографијата се дадени примери, каде што е видлива сумата што треба да се плати, процентот, како и вкупниот износ на сметката, со вклучена субвенција од Владата во сметките што треба да ги платат корисниците.
Доколку сметката што треба да се плати изнесува 2.000 денари, тоа значи дека владината субвенција изнесува 1.445 денари, односно реалната сметка би била 3.445 денари. Ако корисниците добијат сметка од 5.000 денари, без субвенциите, би платиле 8.638 денари. Разликата е навистина голема.