ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Доделени сертификати на жени кои преживеале насилство во рамки на програмата за социјално менторство

December 21, 2022 16:24
in Uncategorized

Четири социјални менторки денеска добија сертификати за успешно завршување и имплементирање на адаптираната програма за социјално менторство за жени кои преживале насилство, во рамки на проектот „Можности за економска реинтеграција преку социјално менторство за жени жртви на насилство“.

Раководителката на канцеларија на UN Women Скопје Весна Ивановиќ-Кастаред на денешниот настан по повод доделувањето на сертификатите, посочи дека економско насилство врз жените е посебна форма на насилство и е застапено во повеќе форми.

Според неа, немање на право или глас за домашниот буџет, ограничување на пристапот до финансиски ресурси, ограничување на можноста за образованието се најчесто застапените форми на економско насилство врз жените, кое најчесто не е препознаено, истакна на завршниот настан на проектот „Менторство при работна интеграција на жени кои преживеале насилство“.

-Економското насилство врз жениоте е во повеќе форми, но честопати не е препознаено. До неодамна беше како форма на психолошко насилство, но веќе е и посебна форма на насилство. Најчесто позастапен тип на такво насилство се жените кои се во брак или во врска. Та е форма на конторла, доминација и манипулација и обично е придружено економското насилство со други форми на семејно насилство, рече Ивановиќ-Кастаред

Конкретно, посочи, станува збор за немање донесување право или глас за домашниот буџет, сопствените примања, работа без плата во семеен бизнис, имотна штета, ограничување на пристап до финансиски ресурси, ограничување на можноста на образованието, пристап на пазарот на трудот.

-Поедноставно, тоа е земање на платата на жената, нејзините примања кои ќе бидат менаџирани во домашниот буџет. Истото отвора простор и за сексуална злоупотреба на жените. Познато е дека жените кои се во насилни врски најчесто се економски зависни од сторителот и исто така поголема е веројатноста тие жени кои се во таква ранлива економска ситуација да останат во таа насилна врска бидејќи кога ние немаме финансиска моќ имаме многу малци опции, потенцираше Ивановиќ-Кастаред.

За жал, како што рече, најчесто жените не реагираат на економското наислство да го препознаат како такво, поради некои традиции и норми кои се наметнати во едно патријахално општество, а дури и да ги препознаат, средината можеби не ги поддржува и поттикнува доволно да излезат од истото.

Настанот се организираше во рамките на Региналната програма на ЕУ и UN Women „Спречување на насилството врз жените и девојките во западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми – промена на ставови“, која е финансирана од Европската унија.

 

Tags: насилствонасилство врз жени
Next Post

Трка за тутун: Најмногу се откупува во прва класа, со субвенциите тоа се 380 денари за килограм тутун

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk