ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Спасовски-Ониди: Со Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан ја отвораме вратата на поинтензивна соработка заснована на партнерски однос и меѓусебно почитување

December 21, 2022 16:09
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со заменик генералниот директор за безбедност на Директоратот на Европската Комисија за миграција и внатрешни работи, Оливер Ониди, заедно со претставници од Европската Комисија.

Министерот Спасовски посакувајќи им добредојде на делегацијата од ЕК, изрази задоволство за можноста заеднички да разговараат за теми што ќе придонесат за унапредување на соработката.

„Ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам за посветеноста и ангажманот на Европската Комисија насочен кон побрзо интегрирање на Западен Балкан во Европската Унија. Длабоко сум убеден дека преку исполнувањето на приоритетите зацртани во Акцискиот план ќе обезбедиме подобро управување со миграциските текови и поуспешна борба против организираниот криминал. Од друга страна, нашата заедничка соработка придонесува кон јакнење на нашите национални капацитети, но и кон имплементирање на европските стандарди во борбата против организираниот криминал и миграцијата. Имаме добра основа, но и политичка волја и капацитет тоа да го направиме. Во суштина, со  Акцискиот план ја отвораме вратата на поинтензивна соработка со Европската Унија, заснована на партнерски однос и меѓусебно почитување”, рече  Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека приоритетите на Европската Унија содржани во Акцискиот план се препознаени и како национални приоритети, чие менаџирање е дефинирано и во националните стратегии. „На пример, тука би ја споменал Националната стратегија за интегрирано гранично управување, чија главна цел е натамошно развивање на националниот систем за интегрирано гранично управување во согласност со Европскиот концепт за гранично управување. Потоа, Националната стратегија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Резолуцијата за миграциска политика,  кои како документи јасно ја изразуваат посветеноста на нашата држава во поглед на мапирањето на  клучните предизвици кои произлегуваат од овие области, како и соодветен одговор за секој од нив”, истакна министерот Спасовски.

Во областа на миграциите и надворешните граници како најзначаен исчекор кој ја обележи 2022 година, министерот Спасовски го истакна потпишувањето на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за Европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија.

„Длабоко сум убеден дека имплементацијата на овој Договор, како и на соодветните договори со другите земји од Западен Балкан ќе придонесат кон посигурни граници и поголема безбедност за целиот регион. Во тој контекст, ја поздравувам мерката содржана во ЕУ Акцискиот план за Западен Балкан, во делот на јакнење на капацитетите на граничното управување вдолж рутата, со која се предвидува зајакнување на заедничките операции со ФРОНТЕКС и нивно распоредување на надворешната граница на ЕУ со земјите од Западен Балкан”, потенцираше министерот Спасовски, при што сподели статистички податоци за илегалните преминувањa вдолж Западно-балканската рута, како поткрепа за неопходните мерки.

На средбата беше истакната и воспоставената соработка со Агенцијата за азил на Европската Унија, со која беше развиен Патоказот за соработка за периодот 2020-2022.

На крајот од средбата министерот Спасовски изрази благодарност до Европската Унија за континуираната поддршка за зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, а особено на Граничната полиција, преку обезбедување на  советодавна помош, обуки, како и преку набавка на возила и специјализирана опрема за зајакнување на граничниот надзор, со уверување дека Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да бидат активен дел од широкиот фронт заедно со сите соседи и земји партнери, а особено со ЕУ институциите, како стратешки партнер во исполнување на заедничките приоритети.

Next Post

„Не сакаат да умрат залудно“: Цел руски баталјон од Крим одбил да се бори во Украина

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk