Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека безбедносната ситуација на Косово е клучот за стабилноста на Западен Балкан.
„Одржувањето безбедна средина во Косово е клучно за стабилноста на регионот на Западен Балкан“, рече Столтенберг во видео обраќањето по повод крајот на годината,
Тој рече дека војната во Украина е најголемата криза со која се соочи НАТО од Втората светска војна.
„Оваа година не е како ниедна друга. Соочени со најголемата криза од Втората светска војна, НАТО одговори силно и обединето. Така испраќаме силна порака до Москва дека ќе ја браниме секоја педа од нашата територија“, рече Столтенберг.
„Сојузниците на НАТО инвестираат повеќе во безбедноста, поддршката на нашите вооружени сили ја прави нашата Алијанса посилна и целиот наш народ побезбеден“, нагласи тој