ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ковачевски во „Бучен Козјак“: Владините антикризни мерки го ублажуваат ценовниот шок за граѓаните и креираат услови за напредок на компаниите

December 22, 2022 14:24
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Антикризните мерки наменети за компаниите ќе придонесат да се стабилизираат цените во малопродажба, а со тоа се штита и граѓаните од ценовните шокови, смета премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за внатрешни работи, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски, денеска ја посетија компанија од млечната индустрија „Бучен Козјак“ во Куманово.

Тие се сретнаа со сопствениците и вработените кои истакнаа дека континуитетот во работењето и долгогодишното постоење е она по кое се препознатливи и по кое ја стекнале довербата од граѓаните за нивните производи

Премиерот Ковачевски вели дека компанијата ги препознала стратешките политики во земјоделството, кои ѝ помогнале да се развие, да ги следи современите текови, да инвестира во стручен кадар, за нивниот квалитет да биде препознатлив кај потрошувачите.

-Млекарницата освен што користи финансиска поддршка за поврат на инвестиции, исто така аплицирале и за субвенционирано снабдување со електрична енергија, мерка која е дел од пакетот антикризни мерки што ќе одговори на повеќето предизвици наметнати од економската и енергетската криза. Во исто време, со владините антикризни мерки сме потпора и сигурност и за работниците и за работодавците. Исто така со овие мерки овозможивме производителите на прехранбените производи да имаат стабилна и поевтина струја, а тоа очекувам наскоро да влијае и на стабилизирање на цените на производите што ги произведуваат, бидејќи целта ни беше во исто време да ги заштитиме и граѓаните од ценовните шокови, изјави Ковачевски.

Законските измени ги олеснуваат процедурите за поставување на фотоволтаични системи за сопствено производство на електрична енергија. Кумановската компанија ги користи овие мерки.

-Радува фактот што „Бучен Козјак“ е дел од многуте компании кои инсталирале фотоволтаични системи, за сопствено производство на електрична енергија, со што 30 проценти од електричната енергија си ја произведуваат сами. Со законските измени кои ги направивме освен што се олесни постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти, исто така овозможивме да се врши и размена на електрична енергија, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека Владата и понатаму ќе ги исполнува ветените обврски и кон граѓаните и кон бизнис секторот.

Министерот Николовски рече дека 2022 година ќе биде запаметена како година во која комплетно се исплатени заостанатите обврски кон земјоделците.

-Подготвивме план и динамика со кој целосно ги исплативме над 20.000 сточари во вкупна вредност од 1,4 милијарди денари, кон одгледувачите на говеда, овци, пчели и кози, рече Николовски.

Тој додаде дека е исплатена поддршката за млекопроизводителите за периодот октомври 2020 – септември 2021, со што, како што истакна, над 500 милиони денари завршиле на сметките кај околу 6.000 млекопроизводители, дополнително извршена е исплата кон млекопроизводителите реализиравме преку „интервентната програма“, каде исплатени се 114 милиони денари кон околу 6.000 млекопроизводители.

-Овие реализирани мерки од страна на Владата, уште еднаш ја потврдуваат нашата силна посветеност и грижа за секој земјоделец, за секој еден граѓанин. Со новиот Буџет за 2023 година обезбедивме досега најголем, историски, буџет во земјоделството. Буџет чии средства се обезбедени за реализација на новата земјоделска реформа и новите програми за поддршка поставени на пет клучни столбови за поддршка, изјави Николовски.

„Бучен Козјак“ е има традиција за купување и преработка на млеко долга скоро 40 години, уште во осумдесеттите години компанијата го препознала потенцијалот за откуп на млеко во овој регион и денес дневно преработува 50 тони сурово млеко.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Бучен Козјак“Димитар КовачевскиЉупчо НиколовскиОливер Спасовски

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk