Откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во дебатата во „Само вистина“ го обвини вицепремиерот Фатмир Битиќи дека неговата сопруга противзаконски прибавила средства за нејзина невладина организација, вицепремиерот најави тужба за клевета.
-Кажете ми дали се повикувате на пратеничкиот имунитет или стоите зад своите зборови?, праша Битиќи, на што Николовски одговори дека нема да се повика на пратеничкиот имунитет.
-Во тој случај следува тужба за клевета, бидејќи нема еден денар земано од сумата за која тврдите, кажа Битиќи.