Министерството за надворешни работи на Северна Кореја во петокот го демантираше извештајот на јапонски весник дека земјата и дала оружје на Русија, откако Белата куќа во четвртокот тврдеше дека Северна Кореја тајно ја снабдувала Русија со артилериски гранати, пренесува Вашингтон Пост.
Пјонгјанг рече дека никогаш не се случила никаква „трансакција со оружје“ меѓу Северна Кореја и Русија, нарекувајќи ја „неоснована теорија“ на јапонските медиуми. Белата куќа ја обвини Северна Кореја дека тајно пренесува артилериски гранати за да и помогне на Русија, како и за посебна продажба и испорака на ракети на руската група Вагнер за употреба во Украина. „Можеме да потврдиме дека Северна Кореја ја заврши првичната испорака на оружје за Вагнер, кој плати за опремата“, изјави во четвртокот портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од себе во неговата канцеларија во Кијив во петокот, по неговата посета на Вашингтон, каде во говорот на заедничкиот состанок на Конгресот во средата, тој ги повика пратениците да обезбедат поголема помош и оружје.
Подготви: М.П.
Извор: ЦивилМедиа