РИБАРО
Откако побегуљата од Будимпешта најави негово враќање во Македонија качен на бел коњ, нели како што бара народот според анкетата на ИРИ, од ВМРО-ДПМНЕ спровеле интензивна потрага по бел коњ кој ќе има доволно голем гепек за да го собере во него Груевски и да си се врати човекот кај својот народ, дознава АХА.
Мора да има таков коњ, за да биде автентичноста потврдена и нашиот лидер да си се врати во татковината онака како што побегна, нели според волјата на граѓаните, велат од партијата.
За таа цел во таквата потрага биле ангажирани сите расположливи партиски сили.
И од коњичкото здружение „Букефалци“, истакнаа дека ќе организираат парада со бели коњи пред белата палата како би помогнале во одбирањето на репрезентативниот примерок за пастирот.
Блиските партиски пулени на Мицкоски, пак, како што информираат вмровците од белата палата за АХА, бараат начин да ги премислат верните на Грујо.
Мицкоски, за АХА истакна дека тој ќе ја поддржи парадата на букефалците и не би имал ништо против неговиот ментор да се врати на бел коњ со гепек, но тоа со гепекот, како што рече нервозно, е малку технички неостварливо.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK