„Нема поголем антипатриотски чин од тоа во друга држава да ги прелепуваш македонските вина и со тоа да ја уништуваш оригиналната амбалажа и да ги одбиваш купувачите. Директна штета на македонската економија. Башка што со толкави букви на кутијата пишува Mazedonien“, реагира на Фејсбук, Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, на објава од порталот Офф.нет.
„А, пак домашните ”патриоти” си нашле причина оваа глупост да ја промовираат како нешто добро. Врв на глупоста и врвен антипатриотизам.
На овие групации не им е проблем Северна, проблем им е македонскиот успех“, пишува Забрчанец.