Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ
На овој начин ја претставија политиката: едукација, еманципација, индустријализација, демократија, владеење на право, дијалог, секуларизација, ова се болни идеи. Добро, ако се ова болни идеи, кои се здравите? Деедукација, односно повикување и пумпање во „име на народот“.
Знаете кога нешто ќе отиде по ѓаволите или ќе отиде во 3ЛПМ, па ќе слушнете еха дека Мијалков е добар, а ние граѓаните сме грозни; или кога ќе слушнете дека Груевски се враќа на бел коњ, а ние граѓаните сме ништо, распрдени и декадентни кретени кои не биле никогаш прислушувани, иследувани, репресирани.
Па уште ќе слушнете приказни дека мојата маленкост е екстремна, дека во мене има нешто инхерентно фашистичко. Мене, не се заебавам, ми се замерува дека сум екстремен антифашиста, а во мојот екстремен антифашизам има нешто нетолерантно, што значи јас сум бил фашист према фашизмот. Ви реков, кога ќе отидат работите во 3ЛПМ, тогаш слушаме вакви идеи.
Мицкоски не сака парламентарни избори. Затоа што ќе изгуби. А таму кај што тие не можат да победат, таму избори нема да се одржат.
Мицкоски сака оваа земја да ја претвори во Логор. А кога гласате во логор, управата на логорот го мести гласањето, а потоа победува. Идејата е да постојат институции кои ќе бидат под контрола на Мицкоски. Уставен суд? Може, ако биде под негова контрола. Град Скопје? Може, ако биде под негова контрола.
За Мицкоски било каков друг „избор“ не е избор, оттука и изборот е невозможен.
Албанците во оваа земја за Мицкоски се „вишок“.
Парламентот, наместо да биде брана на тиранијата, Мицкоски го претвора како средство за спроведување на диктатура во својата партија. Потоа, логично, диктатурата во партијата – дојде ли на власт – ќе ја спроведе во општеството.
За фашистите, секој закон и демократска процедура не само што се неважни, туку се и препрека. За нив е важна само „волјата на народот“ затоа што таа волја е најстара. А волјата на народот единствено тие ја артикулираат и спроведуваат: по правило насилно, а некаде и со многу пари.
Ќе продолжат да ги уништуваат институциите за да се создаде перцепција дека во оваа земја нема избор.
Наместо враќање во некоја колку-толку извесна „нормалност“, спремете се за пропаѓање и продирање во разни врсти на насилство, терор и деструкција. Бидејќи тие поинаку и подобро не можат.
Мицкоски работи империјален проект на Будимпешта. Идејата е создавање на десен-фашистички „сноп“ (и албанските партии да немаат илузија: ако успее во тоа Мицкоски, и тие ќе наебат). Преостанува уште да се дисциплинира крупниот капитал во оваа земја.
Мислите дека се зафркавам? Само седете и не правете ништо. И прочитајте го уште еднаш овој текст. И само седете и не правете ништо.
Добро, прочитајте го уште еднаш овој краток текст. И не правете ништо.
Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.