ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Новогодишни пакетчиња за децата на припадниците на Армијата

December 24, 2022 15:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи прием за семејствата на припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во мировни операции во странство и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на армиските припадници.

Како што е најавено, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на пладне заедно со семејствата ќе воспостават видео-конференциска врска со припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Летонија, Романија, Бугарија, Либан, Централноафриканската Република и Ирак. Потоа ќе следи поделба на новогодишни пакетчиња на децата на мировниците.

Со пристигнување на Дедо Мраз со армиски хеликоптер ќе следи традиционалната церемонија на поделба на новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници од воздухопловниот ВИНГ, како и на децата на припадници на Армијата од останатите армиски команди и единици и Министерството за одбрана.

Манифестацијата на поделба на пакетчиња од страна на армискиот Дедо Мраз, која е во организација на воздухопловниот ВИНГ ќе се реализира на воениот дел од Меѓународниот аеродром „Скопје“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

– Оваа активност, која традиционално се одржува во пресрет на новогодишните празници и е особено интересна за најмладите, поради симболично пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер, поради епидемиолошките мерки за заштита од пандемијата со Ковид 19 не се изведуваше во изминатите две години, потсетуваат од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

Извор: МИА

Tags: армијаДедо МразпакетчињаСлавјанка Петровска
Next Post

Бектеши: После повеќе години РЕК Битола ќе работи со полн капацитет и ќе произведува струја од сите три блока

EVN

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп сугерира дека Украина мора да ги прифати загубите во Донбас

December 16, 2025
Генерирано со ВИ

Илон Маск стана првиот човек со богатство од 600 милијарди долари

December 16, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп поднесе тужба против Би-Би-Си, бара отштета до 10 милијарди долари

December 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ONE BATTLE AFTER ANOTHER Тамара Котевска со Леонардо Дикаприо и екипата

    (ФОТО) Тамара Котевска со Леонардо ди Каприо и другите ѕвезди на затворен ВИП ручек за филмот One Battle After Another

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ахмед Ал Ахмед – човекот што со голи раце го запре нападот врз Евреите во Сиднеј

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 15 декември 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е 11 годишната Лу Делез победничката на Детската Евровизија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Тајната вечера“ – делото што речиси го скрши Леонардо да Винчи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk