Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 основни училишта во Скопје по добиените пораки на електронските пошти со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението на МВР.