ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Османи уверува дека следната година ќе бидат донесени уставните измени

December 26, 2022 13:30
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изрази уверување дека следната година ќе бидат донесени уставните измени, нагласувајќи оти нема ништо контроверзно во тоа Бугарите, Црногорците и Хрватите да се внесат во Уставот, а забелешките на одредени политички субјекти ги оцени како дневно-политички кореографии во обид да се добие плус некој политички поен. Османи потенцира дека следната недела ќе се интензивираат разговорите за обезбедување двотретинско мнозинство, кое е потребно за да се изгласа потребата за отворање на Уставот.

Тој денеска на годишниот брифинг со медиумите истакна дека е крајно нечесно едно од најважните прашања за граѓаните – членството во ЕУ, да се става во дневно-политилките препукувања и додаде дека смета оди во текот на следната година тоа ќе го увидат сите политички актери.

Османи одговараше на новинарско прашање во врска со ставот кој го изнесе Билал Касами, односно поддршка за уставните измени во замена за предвремени избори следната пролет или во спротивно најави радикализација на чекорите, кои ќе ги преземат или протести.

Тој напомена дека ниту една партија не е на линија на ставот дека не треба да се почитуваат правата на етничките заедници, нагласувајќи дека и вчера лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излегол со став дека нема „ништо против бугарскиот народ, туку против бугарските уцени“.

– Суштината на уставните измени е дека тие воопшто не се контроверзни и со тоа сите се согласуваме, бидејќи еден пристап, кој државата веќе го има преземено, како еден однос кон заедниците, сега ги вклучува и останатите заедници, кои тогаш поради одредени околност не биле вклучени. Во нашиот уставен поредок, освен 20-те проценти нема друга категоризација, со која би исклучиле или вклучиле некоја заедница. Ако можат да бидат останатите заедници, зошто би ги исклучиле Црногорците, Хрватите и Бугарите и кои би биле последиците по државата, освен потврдување на нашиот најпрепознатлив имиџ во светот, а тоа е односот меѓу заедниците, меѓуетничката хармонија, мултикултурната демократија. Тоа е нашиот најголем адут кој ни ги отвора вратите. Ние станавме модел држава, која во тежок регион успеа да создаде мултиетничка хармонија, која веќе станува пример како другите држави да си го решат прашањето, истакна Османи.

Министерот за надворешни работи нагласи дека очекува поддршка, бидејќи, како што посочи никој нема ништо против содржината на измените, но додаде и дека сите се свесни оти тој процес е веќе вграден во процесот на преговори со ЕУ и нема друга алтернатива.

Во врска со можност за нови блокади од страна на Бугарија и доколку дојде до промена на Уставот, Османи рече дека во документите кои ги потпишале и во рамката нема основа за тоа, но додаде дека не само Софија, туку и другите членки можат да не блокираат, доколку сакаат, со оглед на тоа што одлуките во ЕУ се носат со консензус. Тој додаде дека токму затоа во моментов се гради овој однос со Бугарија, со цел во иднина да не постои ниту еден аргумент за нови блокади

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БугариБујар ОсманиЕУУставХрватиЦрногорци

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk