Модната куќа на Вивиен Вествуд, синоќа ја потврди веста за нејзината смрт а музичките и модните икони ги преплавија социјалните мрежи со збогувачки пораки. Кралицата на бунтовната мода која се прослави со нејзините контроверзни панк и њу вејв стилови дизајни почина во 81 година од животот „мирно и опкружена со своето семејство“, беше наведено во соопштението на модната куќа.
Од почетокот на кариерата во 1970-тата година таа низ годините продолжи да облекува некои од најголемите звезди, во модата и во музиката.
Колегата дизајнер Марк Џејкобс рече дека е со „скршено срце“ и на Инстаграм напиша: „Ти го направи тоа прва. Секогаш. Неверојатен стил, продолжувам да учам од твоите зборови и од сите твои извонредни креации“.
По објавата, сопругот на Вествуд и креативен партнер Андреас Кронталер изјави: „Ќе продолжам со Вивиен во моето срце. Работевме до крај и таа ми даде многу причини да продолжам“.
Стилот на Вествуд стана познат по нејзините андрогени дизајни, маици со слогани и бунтовноста кон естаблишментот.
Таа беше позната и како активистка која преку модната писта испраќаше пораки како оние климатските промени.
Вествуд, родена во Дербишир, работеше како учителка во основно училиште, пред да отвори продавница за облека Let It Rock на во Челзи со нејзиниот тогашен партнер Малколм Мекларен во раните 1970-ти.
Бизнисот подоцна беше преименуван во „Секс и Мекларен“ а подоцна Мекларен почнува да го менаџира панк бендот „Секс Пистолс“. Членовите на „Секс Пистолс“ ги носеа дизајните на Вествуд и Мекларен.
Оддавајќи почит на Вествуд, модната дизајнерка и Spice Girl Викторија Бекам рече: „Многу сум тажна за смртта на легендарната дизајнерка и активистка Дејм Вивиен Вествуд“.
Пејачот Бој Џорџ, кој првпат се сретна со Вествуд на почетокот на 1980-тите, ја нарече „одлична и инспиративна“ и „без дилема … неприкосновената кралица на британската мода“.
Актерката Ким Катрал ја опиша на Инстаграм како „вистински гениј кој никогаш не ја изгубил својата северна цврстина“, споделувајќи ја приказната за „дарежливоста и љубезноста“ на Вествуд – создавајќи три фустани за ѕвездата на „Сексот и градот“ за три дена, за да може да присуствува на премиерите на филм, откако туѓите дизајни беа несоодветни.
Супермоделот Клаудија Шифер напиша дека „уникатниот глас на Вествуд ќе биде незаменлив и ќе ми недостига“, додека пејачот Били Ајдол – кој се прослави на лондонската панк музичка сцена – твитна: „РИП ќе ми треба малку време да го прифатам ова…“.
Музејот на Викторија и Алберт, во кој се сместени некои од нејзините дела, ја опиша Вествуд како „вистинска револуционерна и бунтовна сила во модата“.
Секретарот за култура Мишел Донелан напиша на Твитер: „Тажен ден, Вивиен Вествуд беше и ќе остане врвна фигура во британската мода.
Во 1981 година, Вествуд ја одржа својата прва соодветна модна ревија запаметена како Пиратска колекција и продолжи да ја користи британската и француската историја за креторски инспирации.
Таа се омажи за Кронталер, поранешен нејзин студент и 25 години помлад од неа, во 1992 година. Тој стана креативен директор на нејзината компанија и се повеќе беше одговорен за дизајнерската работа во подоцнежните години.
До 2000-тите, Вествуд дизајнираше венчаници за моделите како манекенката Дита фон Тиз, која се облече во нејзината виолетова тоалета за да се омажи за пејачката Мерлин Менсон и принцезата Јуџин која носеше дизајни од Вествуд за свадбата на принцот Вилијам и Кетрин.
Нејзините дизајни се појавија и во филмската верзија на Сексот и градот од 2008 година.
Незаборавните моменти на пистата ги вклучуваат нејзините чевли со платформа од девет инчи, кои славно ја сопнаа манекенката Наоми Кембел.
Како и климатските промени, Вествуд стана гласен поддржувач за ослободувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој се бори против екстрадиција во САД за да се соочи со обвиненијата според Законот за шпионажа. Во јули 2020 година, таа се облече во канаринско жолто во џиновски кафез за птици, испраќајќи предупредување за судбината на Асанж.
Извор Би би си
А.В / Нова ТВ