Засега е потврдено дека едно лице загинало по денешниот руски ракетен напад врз Кијив.
Градоначалникот на Кијив Виталиј Кличко изјави дека едно лице е убиено во областа Соломјанск. Во Соломјанск, југозападно од градот, најмалку три жени се пренесени во болница.
Проектили погодиле хотел и куќа, изјави Кирил Тимошенко, заменик шеф на кабинетот на украинскиот претседател.
„На 31 декември 2022 година – Украина е под ракетен напад на терористичката држава Русија. Воздушната одбрана работеше во регионите Киjив, Харков, Запорижја, Херсон, Хмелницки, Виница“, објави украинската амбасадорка Лариса Дир.
31 December 2022 – Ukraine is under missile attack of terrorist state ?? Air defence has worked in Kyiv, Kharkiv, Zaporizhzhya, Kherson, Khmelnytskyi, Vinnytsa regions.
?Ukrinform pic.twitter.com/6bADMo9Iyx
— Larysa Dir (@dir_larysa) December 31, 2022